Виена е прогласен за најдобар град за живеење според анализата на консултантската фирма „Мерсер“. Престолнината на Австрија оваа титула ја добива по шести пат.
Секоја година „Мерсер“ го спроведува истражувањето за да го оцени квалитетот на живеење во 230 градови низ целиот свет.
Истражувањето ја опфаќа политичката, социјалната и економската клима, медицинската нега, образованието и инфраструктурните услови, како и јавниот транспорт, електричната енергија и водоводната мрежа.
Таа, исто така ги зема предвид рекреативните понуди, како што се ресторани, театри, кина, спортски објекти, достапноста на сите видови на стока за широка потрошувачка од храна до автомобили, како и условите на околината – од зелена површина, до квалитетот на воздухот.
Од останатите европски градови, Цирих, Минхен, Диселдорф и Франкфурт и годинава се во првите десет градови во кои добро се живее.