Виена забрани правење скара на отворен простор

Поради топлотниот бран кој продолжува да пркоси низ Европа, Одделот за шумарство во Виена забрани правење скара и палење оган на отворен простор, најавувајќи дека оваа забрана може да биде укината само по обилни врнежи од дожд. На Австријците им е дозволено да прават скара во приватни градини и дворови, но само ако не се наоѓаат во пошумените области на Виена.

Според сегашните прогнози, овој јули може да биде еден од најжешките месеци кои ги доживеала Австрија. Во градовите, изобилството на бетон и асфалт прави дополнителни проблеми, па во урбаните средини е жешко дури и во текот на ноќта.

Во меѓувреме, Синдикатите во Австрија упатија апел до работодавците да ги почитуваат законските прописи, според кои градежните работници не смеат да работат надвор кога температурата е над 35 степени.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија