Холандија ќе добие улици од рециклирана пластика

Во иднина, улиците во Холандија наместо со асфалт, можно е да бидат поплочени со пластика. Според Гардијан, Советот на Ротердам размислува за тестирање на материјал изработен од рециклирана пластика наречен PlasticRoad. Дизајнот ќе го изработи холандската градежна компанија VolkerWessels.

Според VolkerWessels, ваквите патишта ќе бидат полесни за одржување од асфалтните, а исто така ќе бидат издржливи на повисоки температури. Освен тоа, овој проект ќе биде добредојден за животната средина. Асфалтот испушта околу 1,6 милиони тони CO2 во атмосферата секоја година. Додека пак во океаните се фрла околу 8 милиони тони пластичен отпад.

Иако патишта се сè уште во фаза на проектирање, VolkerWessels изјави дека првото поставување би можело да се случи за помалку од 3 години.

4387

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија