Висина на новите сообраќајни казни во Германија + калкулатор за пресметување (2023)

Новиот каталог на сообраќајни казни во Германија стапи на сила во ноември 2021 година. Новите правила имаат за цел да обезбедат поголема безбедност во сообраќајот на велосипед и пешаци. Казните сега стануваат многу поскапи.

Првото заострување на казните се случи на почетокот на 2020 година, но поради негодување на јавноста и ADAC, но и поради грешка во самиот закон, тој беше суспендиран на неколку недели.
Но, законот беше прифатен со вториот обид и сега е на сила.

Пресметајте го износот на сообраќајните казни во Германија

Очекувате казна? Пресметајте со помош на калкулаторот подолу колкава би можела да биде казната. Со помош на калкулаторот за казни во Германија, внесете го типот на прекршокот и дознајте каква би можела да биде казната.

Калкулаторот не работи? Пресметајте го износот на казната со помош на калкулаторот – овде

Погледнете го комплетниот каталог на германски јазик – овде

Сообраќајни казни во Германија во 2023 година

Брзо возење

Во многу случаи, невнимателните возачи сега треба да платат двојно повеќе. Брзото возење на населено место од 16 до 20 км/ч чини 70 евра наместо досегашните 35.

Возачите на камиони мора да свртуваат со брзина на пешаци (Schritttempo), во спротивно може да платат казна од 70 евра.

Секој што е пребрз од 16 до 20 км/ч надвор од населените места, плаќа 60 наместо претходните 30 евра ако го фатат. И колку е побрзо, толку е поскапо.

Непрописно паркирање

На пример, ако застанете или паркирате на тротоар или велосипедска лента, на заштитна лента или во втора лента, наместо досегашните 20 евра, треба да платите повисока казна, односно 55 евра.

Паркирање во „втора лента“ – казната сега е 55 евра

Станува уште поскапо ако паркирате на тротоар или велосипедска патека, на пример ако пешакот мора да ја користи улицата. Тогаш казната оди до 80 евра, а со материјална штета 100 евра.

Доколку неовластено паркирате на паркинг за инвалиди сега плаќате 55 евра наместо досегашните 35 евра.

Паркирање на места за електрични автомобили

Во многу градови и општини, местата за паркирање се повеќе се доделуваат за е-автомобили и возила за споделување на автомобили (car share). Ако го паркирате вашиот автомобил на таков паркинг, можете да платите 55 евра.

Игнорирање на лентата за итни случаи

Построго се казнува и блокирањето возила за итни случаи. Секој што паркира пред патека за пожарникари или попречува брза помош, плаќа казна од 100 евра и добива еден бод.

Зголеменисе казните и за злоупотреба на лентата за итни случаи (Rettungsgasse). Доколку не се повлечете за да можат да поминат полицајците и возилата на итната помош (на пр. на автопат) или самите ги искористите за побрзо да поминете низ толпата, ќе се соочите со парична казна од 200 до 320 евра, два бода и месечна забрана за возење.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија