MAN Truck & Bus е еден од најпознатите индустриски работодавци во Минхен и Баварија. Иако европскиот пазар на камиони се соочува со пад на продажбата, компанијата и понатаму останува еден од клучните играчи во секторот на стопански возила. Токму затоа многумина ги интересира колкави се платите во MAN и какви услови за работа имаат вработените кај овој производител.
Во текот на 2024 година, MAN продал околу 96.000 возила, што е 17 проценти помалку во споредба со претходната година. Приходите се намалиле за седум проценти, на 13,7 милијарди евра. И покрај овие бројки, компанијата останува стабилен индустриски систем со долгорочни планови и силна синдикална заштита на работниците.
Плати на управата и сопственичка структура
MAN Truck & Bus е 100% подружница на групацијата Traton, поради што не објавува посебни податоци за примањата на управата. Сепак, годишниот извештај на Traton за 2024 година овозможува увид во платата на извршниот директор на MAN, Александар Власкамп, кој воедно е и член на управата на Traton.
Неговите вкупни годишни примања изнесувале околу 2,4 милиони евра, при што приближно половина од износот се однесува на варијабилни бонуси поврзани со остварување на деловните цели.
Прочитајте: ЖИВЕЕТЕ ПОД КИРИЈА ВО ГЕРМАНИЈА? Доаѓаат бројни промени – ова мора да го знаете
Колективни договори и сигурност на работното место
За поголемиот дел од вработените, клучна е сигурноста на работното место. MAN е опфатен со колективниот договор на металната и електроиндустријата, како и со дополнителен таканаречен „договор за иднината“. Со овие договори се гарантира сигурност на работните места до 2035 година, како и учество на вработените во успехот на компанијата преку дополнителни исплати.
Тарифни додатоци и годишни исплати
Вработените опфатени со тарифниот договор имаат право на повеќе дополнителни исплати. Една од нив е тарифниот додаток T-ZUG, кој се исплаќа еднаш годишно.
Во јули, работниците добиваат:
- 27,5% од својата месечна бруто плата
- плус 26,5% од референтната тарифна плата
Покрај тоа, се исплаќа:
- регрес за годишен одмор во висина од околу 70% од месечната плата
- божиќница, чиј износ зависи од должината на работниот стаж во компанијата:
- по 6 месеци: 25% од месечната плата
- по 1 година: 35%
- по 2 години: 45%
- по 3 години: 55%
Дополнителни бенефиции за вработените
MAN на своите вработени во Германија им нуди и дополнителни погодности, меѓу кои програми за дополнително пензиско штедење и пензиски уплати.
Основната бруто плата зависи од тарифната група и, според податоците на синдикатот IG Metall, се движи меѓу 2.659 и 6.450 евра месечно. За одредени специјалистички и раководни позиции, платите се и над тарифното ниво.
Плати во производство и продажба
Според податоците од платформата Kununu, кои се базираат на доброволни пријави од вработени, платите во MAN вообичаено се над германскиот просек:
- Претставник за продажба: 75.800 €
- Набавувач (Einkäufer): 69.900 €
- Референт: 55.600 €
- KFZ-техничар: 55.500 €
- Техничар за одржување: 48.000 €
- Бравар: 45.600 €
- Индустриски механичар: 45.200 €
- KFZ-механичар: 44.000 €
- KFZ-мехатроничар: 42.900 €
- Логистичар: 39.400 €
- Магационер: 35.500 €
Плати во развој и раководни функции
- Инженер: 82.100 €
- Развоен инженер: 78.700 €
- Продукт-менаџер: 74.300 €
- Тест-инженер: 73.400 €
- Раководител на оддел: 123.600 €
- Директор на продажба: 109.300 €
- Раководител на погон: 96.000 €
- Тим-лидер: 91.100 €
- Раководител на квалитет: 82.100 €
- HR менаџер: 78.900 €
- Проектен менаџер: 78.600 €
Стабилен работодавец и покрај предизвиците
И покрај падот на продажбата и промените во индустријата, платите во MAN, силните колективни договори и долгорочната сигурност на работните места ја прават оваа компанија еден од постабилните индустриски работодавци во Германија, особено во Минхен и Баварија.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.


