Постојат неколку работи кои ќе ги добиете за возврат ако работите како Au Pair. Она што можете да го очекувате е следното:
- минимум 1 ипол слободен ден неделно и минимум еден викенд месечно;
- 2 недели платен одмор по 12 месеци;
- бесплатно сместување и храна;
- во некои случаи пристап до автомобил за да го користите во слободно време;
- понекогаш ќе Ви бидат надоместени и патните трошоци;
- превоз со училиштето за странски јазици;
- во некои случаи патувања заедно со семејството, доколку работите во текот на нивниот годишен одмор, што ќе се смета во работното време;
Во прилог објавуваме и табела со податоци за тоа колку би биле платени во одредени држави како Au Pair.
Повеќето земји имаат строги официјалните правила за платата на Au Pair, но во рамките на семејствата може да добивате поголема плата од наведената. Сепак, платата зависи и од некои дополнителни фактори како на пример:
- возраст
- искуство во работата
- бројот на работни часа неделно
- дополнителна работа во вечерните часови
- за колку деца се грижите
- возраста на децата
- дали се грижите за деца со посебни потреби
- колкава работа околку домот е потребна
- дали имате и дополнителни активности (на пример организирање роденденски забави)
За повеќе информации прочитајте ги нашите статии Вработување како Au Pair – чекор по чекор и Постапка за добивање Au Pair виза за Германија.