Вкусот на германската кујна

Секој регион во Германија има свои специјалитети проследени со варијации на германската кујна. Германската кујна се разликува во три дела од земјата – северна, централна и јужна. На север е забележливо влијанието од скандинавските земји и морето, во централниот регион храната е побогата и потешка, а на југот кујната е полесна, со силно влијание од соседните Австрија и Италија.

Лебот е значаен дел од германската кујна. Околу 600 главни типови на леб и уште 1200 различни видови на колачи и ролни се произведуваат во околу 17.000 пекари и во уште 10.000 пекари во продавниците. Лебот обично се служи за доручек и за вечера, но ретко како гарнир за главното јадење. А за тоа колку значајна улога има лебот во исхраната на Германците, говори и фактот според кој германските иселениците во странство тешко се прилагодуваат на локалниот леб.

Покрај лебот, во Германија познати се и земичките, или Brötchen. Еден типичен пример кој се служи на германската трпеза е ролна леб, пресечена на половина, која се мачка со путер или маргарин. Меѓу двете половини се става сирење, мед, џем, крем, месо, риба, или слатко. Овој рецепт е познат како belegtes Brötchen.

Еден од познатите специјалитети на германската кујна, популарен уште од 18 век, е штрудлата од јаболко или Apfelstrudel. Вкусно тесто исполнето со јаболка, а зачинето со шеќер, цимет и суво грозје. Се сервира топло, исечено на парчиња и декорирано со шеќер во прав или шлаг.

DEfood1

Германците се познати како љубители на вкусни супи и чорби. Зборот eintopf всушност означува готвење на различни состојки измешани во тенџере, без следење на некој конкретен рецепт. Сепак, повеќето рецепти ги содржат истите основни состојки: супа, некаков зеленчук, компири, месо (најчесто свинско, говедско или пилешко), а понекогаш и риба.

Pichelsteiner_Eintopf

Пржените палачинки Kartoffelpuffer се прават од рендан компир измешан со брашно, јајца, кромид и зачини. Се служат како гарнир со месо или риба, а можат да бидат и благи, направени од сос од јаболко, боровинки, шеќер и цимет.

DEfood7

Rote grutze е пудинг од црвено овошје и е популарен десерт во северниот дел на Германија. За приготвување најчесто се користат црни или црвени рибизли, малини, а понекогаш и јагоди или цреши, кои се готват во нивниот сок и се додава малку пченкарно брашно. Се служи со крем, ванила или млеко.

DEfood10

На секој чекор во Германија можете да купите Brezel, или переци – меки пецива, направени од брашно, вода и квасец, посеани со сол (а понекогаш и различни семиња). Можете да ги најдете во секоја пекара во различни варијанти – обични, исечени и намачкани со путер, или во комбинација со парчиња месо или сирење.

germ

Што се однесува до пијалаците, број еден во Германија е пивото. Пивото се пие во сите делови на оваа земја. Голем број на региони имаат локални пивски специјалитети, од кои повеќето се бели пива. Меѓу нив се  и т.н. Altbier кое е темно пиво достапнo во околината на Дизелдорф и Долна Рајна, Kölsch – пиво со сличен стил, но светла боја, достапно во областа Келн, и Berliner Weisse кое е кисело пиво со низок процент на алкохол, измешан со сируп од малина, познато за Берлин.

reuters_germany_oktoberfest_22Sep12-975x557

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија