Во Германија дете се заканило на својата учителка дека ќе ја обезглави.
Детето на возраст од 11 години се заканило откако наставничката предупредила дека ќе има казни доколку родителите не се појаваат на состанок.
„Ако тоа се случи затоа што моите родители не се појавиле, тогаш на вас ќе ви го направам истото што му го направи момчето на учителот во Париз”, рекло детето.
Младиот ученик кој е муслиман, претходно по минута молчење за убиениот француски наставник Самуел Пати, кажал дека е дозволено да убиете некој кој го наведува пророкот, и дека тоа е во ред.
Кога наставничката ги алармирала родителите, мајката на ученикот тврдела дека во нивниот дом немаат такви екстремистички погледи и дека детето тоа го научило од некого во училиштето.Ова се случило во училиште во предградие на Берлин.
18-годишниот Абдулах Анзоров, чеченски екстремист на 16-ти октомври му ја отсече главата на Пати во предградието на Париз.
Неодамна напад имаше и во Виена, при што имаше 4 жртви.
По ова Австрија се мобилизира против радикалниот ислам, а затворени се и дел од џамиите.