Следи тешка зима, вели Меркел

Зимата што доаѓа ќе биде предизвик за сите, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Вели дека луѓето нема да можат да се гледаат како порано.

„Вирусот ќе продолжи да доминира во нашите животи уште некое време“, кажа Меркел.  

Претходно, беше воведено едномесечно делумно затворање на земјата за да се намали бројот на заразени од коронавирус.Баварскиот премиер Маркус Содер изјаву дека нема да попушти пред мерките барем до крајот на месецот. Тој не ја исклучи можноста за построги мерки во декември.

Во земјата 12,619 луѓе починаа од коронавирусот. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија