Неколку Германци кои пешачеле во кампот во Мироу минатиот викенд, биле изненадени кога виделе како од едно дрво паѓаат банкноти од 50€. Полицијата открила дека на гранките од дрвото висела пластична кеса од која паднале околу 200.000 евра, сите во банкноти од по 50 евра.
Иако кесата била добро затворена и сокриена, поради екстремните температури попуштила, а со тоа и парите почнале да паѓаат од неа. Еден Германец, кој наводно е сопственик на камповите, отишол во полицијата тврдејќи дека парите се негови.
Според германските закони, на оној кој ќе ги пронајде парите, треба да му бидат исплатени 3% од вкупната вредност, што значи дека камперите треба да добијат 6.000 евра. Ако сопственикот не им ја исплати оваа сума во рок од шест месеци, тогаш тие имаат право да ја задржат целата.