Во Германија не стивнуваат протестите против високата цена на струјата

Илјадници луѓе синоќа повторно протестираа во Германија, главно во градовите во источниот дел на земјата, против енергетската политика на владата во услови на раст на цените, јави ДПА.

Според германската полиција, на протестите во Мекленбург-Западна Померанија учествувале околу 6.000 луѓе. Околу 1.600 луѓе протестираа во градот Шверин, регионалниот главен град на североисточната сојузна покраина. 

Демонстрации беа одржани во повеќе од 12 градови во Мекленбург-Западна Померанија, вклучувајќи ги Нојбранденбург и Визмар.

Илјадници протестираа и во источните германски покраини Саксонија, Тирингија и Саксонија-Анхалт.

Околу 1.100 луѓе учествуваа на демонстрациите во градот Магдебург, на околу 150 километри западно од Берлин, организирани од екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија. Во меѓувреме, во Лајпциг има судири меѓу учесниците на протестот и контрадемонстрантите, објави портпаролот на полицијата.

Неколку стотици приврзаници на германското исламофобично движење ПЕГИДА демонстрираа во центарот на Дрезден во источна Германија. Отприлика исто толку демонстранти, главно млади луѓе, организираа контрапротест, соопшти локалната полиција.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија