Здравствен дом Кичево доби амбулантно возило на подарок од Германија

На Здравствениот дом Кичево во петокот му беше подарено амбулантно возило обезбедено од Здружението „Помошни крила“од Германија а на барање на наши печалбари во оваа земја, кој соработуваат со претседателот на ова здружение, Франк Франке.

– Здравствениот дом Кичево доби на подарок речиси ново амбулантно возило марка „Мерцедес“ произведено 2020 година со изминати 40.000 километри, кое располага со комплет опрема, а го донира здружението „Помошни крила“ од Германија, на иницијатива на нашиот печалбар во оваа земја Шпензим Дервиши.

Ова амбулантно возило чини околу 40.000 евра и ќе биде добредојдено на Здравствениот дом за што побрзи интервенции кај лица на кои им е неопходна прва медицинска помош – нагласи директорот на Здравствениот дом, Џабир Бајрами.

Во име на донаторот, на примопредавањето беше присутен и првиот човек на ова здружение, Франк Франке, кој нагласи дека со амбулантното возило кое тие го подаруваат на Здравствениот дом Кичево, очекуваат во наредниот период да бидат спасени многу животи, бидејќи се работи за возило кое ја поседува целокупната опрема неопходна за пружање на прва медицинска помош.

Тој најави и опремување на детското одделение во кичевската болница во наредната календарска година.

Пред две години на Здравствениот дом Кичево, ново амбулантно возило му подарија и печалбари од Швајцарија, со целосна опрема за пружање прва медицинска помош.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија