Прво опозицијата ЦДУ/ЦСУ, а сега и претставникот на коалициската влада Бијан Ѓир-Сараи во интервју за весникот Билд, изјави дека бегалците од Украина треба финансиски да бидат еднакви со барателите на азил, пишува ДВ.
Од денот на пристигнувањето бегалците од Украина добиваат т.н пари на граѓаните (Бургергелд), кои во основа се социјална помош за луѓе кои бараат вработување и имаат пристап до пазарот на трудот.
Барателите на азил добиваат помош според законот за издржување на барателите на азил и за тоа време не им се дозволува пристап до легалниот пазар на трудот.
Во конкретна финансиска смисла, тоа изгледа вака: сумата за самци е 563 евра месечно. Дополнително, државата ја презема целата кирија и комуналиите. Пресметајте вие дали ви остануваат чисти 563 евра месечно по човек.
За барателите на азил додека трае процесот на признавање на барањето, како и за оние чие барање е одбиено, но не можат да бидат депортирани од хуманитарни причини, месечниот надоместок за самохраните лица е 460 евра.
Дополнително, државата ги сноси трошоците за сместување во прифатните центри за бегалци. Правото на детски додаток од 250 евра по дете го имаат само примателите на граѓански пари и барателите на азил откако ќе им биде признаен статусот.
По зголемувањето на социјалната помош на почетокот на годината, во Германија се отвори дискусија за тоа дали воопшто вреди да се работи, со оглед на тоа што семејство со три деца има право на значителна парична сума месечно преку социјалната помош.
„Новодојдените бегалци повеќе не треба да добиваат граѓански пари, туку помош како онаа што ја добиваат барателите на азил“, рече Џир-Сараи.
Тој смета дека на тој начин ќе се поттикне подобра и побрза интеграција на германскиот пазар на труд.
„Секаде имаме недостиг од работници, во угостителството, градежништвото или во згрижувачкиот сектор. „Не би продолжиле да ја финансираме невработеноста со парите на даночните обврзници, но мораме да се погрижиме луѓето да најдат работа“, рече овој либерален политичар.
Според податоците на германската федерална влада, во јануари 2024 година биле вработени околу 119.000 украински бегалци од повеќе од еден милион од нив, колку од нив пристигнале од почетокот на руската агресија во февруари 2022 година.
Многу од овие бегалци моментално се во програми за интеграција, односно учат германски или други мерки за професионална обука, а голем дел од бегалците се жени со деца кои дошле во Германија без брачен другар.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.