Нашите животи и самите околности во кои се наоѓаме се менуваат. Без разлика дали водени од развојот на комуникацијата, Бил Гејтс или нешто четврто, не можеме да негираме дека, за многу луѓе, животот се промени во изминатите 2 години, без разлика дали на подобро или на полошо.
Ова „за многу луѓе“ е интересно. Имам семејство и пријатели чие знаење и вештини драстично добија на значење во изминатите 2 години, што повторно се рефлектира во развојот на нивните можности, заработка, потенцијал итн. А од друга страна, познавам многу луѓе каде ништо не се менува значително – што во ситуацијата во која се наоѓаме не ја гледам како позитивна работа. Да ги земеме само за пример овие сегашни поскапувања на апсолутно се и инфлацијата што доаѓа, дали забележувате дека вашата ситуација ги следи овие промени?
Доколку моментално не забележувате дека вашата индустрија, компанија итн. поминува низ процес кој ќе донесе нови можности и подобрувања во иднина, ако лично не чувствувате можност и потенцијал за професијата и вештините што ги имате… и ако сега заработувате исто како и пред 2 години, замислете дали таа работа што ја работите е нешто за што треба критички да размислите.
Сега, кои се работните места кои, според мене, минуваат низ промени кои ќе ги направат уште поважни и попривлечни? Со други зборови, ако денес бирам нова кариера, кои индустрии и работни места би ги разгледал лично?
ИТ
Живееме во време кога вашиот кафе апарат е поврзан на интернет и може да се управува преку мобилна апликација. Само мал пример за тоа колку информацискиот сектор стана составен дел од нашите сè покомплицирани животи.
Деловниот сектор, исто така, станува покомплексен и сè позависен од стабилен, функционален и безбеден информациски систем. Веќе гледаме голем недостиг од квалитетен ИТ кадар и за очекување е овој недостиг да се зголеми во наредните години. Кога би избрал факултет денес или би ја барал мојата прва работа, би посветил посебно внимание на ИТ секторот во овие 3 насоки:
- IT security – со фокус на сигурноста, спречување напади итн.
- Big data – фокус на обработка на огромни количини на податоци
- Software – развој на нови софтверски решенија
МЕДИЦИНА
Пред неколку дена на радио слушнав дека во Германија моментално има недостиг од 200.000 работници за нега на стари лица. Рецептот е едноставен – населението старее и бара повеќе нега, а медицината одамна е тешка и не претерано наградувачка работа која привлекува премалку млади луѓе. Што се однесува до сигурноста на работата и изборот, мислам дека нема подобра индустрија од медицината. Јас би препорачал да се посветите и специјализирате на:
- Altenpflege – фоку нега на стари и изнемоштени лица
- Доктор – кој било. Тие велат дека општата пракса ќе биде се побарана
- физиотерапевт – од слична причина како и altenpfleger
ФИНАНСИИ
Верувам дека за неколку години, класичните програми и алатки за книговодство ќе бидат доволно интелигентни за да заменат многу од денешните вработени во извршувањето на рутински трансакции и проверки. Сепак, финансиските професионалци кои се „над“ стандардните рутински процеси сигурно ќе бидат сè побарани на пазарот. Да барам повторно работа, би ја барал во стратешки финансиски менаџмент, да речеме во…
Controlling – фокус на контрола и известување за стратешките финансиски извештаи
ПРОДАЖБА
Не само затоа што работам во продажба, продажбата ја сметам за една од најважните и највлијателните вештини во историјата. Оние со лоша идеја што знаеле да ја продадат поминале подобро од оние со добра идеја кои не знаеле што да прават со неа. И додека сите гледаат дека продажбата на обични, стандардни, едноставни производи и услуги се префрла на интернет (сè што спаѓа во оваа категорија веќе може или наскоро ќе биде достапно онлајн), продажбата на сложени, индивидуални и технички тешки решенија ќе има се повеќе и повеќе побарувачка во иднина. Збирот на вештини што мора да ги поседува еден вработен во продажба станува се поопширен, а луѓето кои можат да ги понудат овие вештини и успешно да ги имплементираат сигурно ќе имаат можност да ги видат добро и успешно. Ако треба да барам работа, повторно би барал можност во продажба на сложени технички системи.
Технички тешки решенија – фокусирајте се на консултации и изнаоѓање на најдоброто решение заедно со клиентот
луксузни стоки и доживувања – продавање „чувства“
ПРОИЗВОДСТВО
Индустријата останува главен двигател на германската економија. Можноста за вработување и кариера во развој и производство во индустрискиот сегмент ќе продолжи да биде една од најдобрите во Германија. Бидејќи овој сегмент станува се повеќе „поврзан“ и зависен со класичниот ИТ сектор, би сакал да барам насоки што ги поврзуваат овие два сектори:
- мехатроника – фокус на поврзување на класичната механика и електрониката
- енергетски експерти – фокус на енергетската ефикасност
Како и секогаш, ова е мое мислење и мое искуство како совет за сите оние кои ќе бараат нешто ново, било на почетокот или во некоја друга фаза од постоечката кариера.
Имате ли вие некои предлози што ги заборавивме ?
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.