Како да аплицирате за Американска виза

Следете ги следните чекори за да аплицирате за американска виза:

Чекор 1. Одредете го типот на виза кој ви е потребен за патување во САД

Информации за типовите на визи може да се најдат на https://travel.state.gov/content/travel/en.html

Чекор 2. Пополнете го формуларот за виза ДС-160 на интернет

Формуларот ДС-160 може да се попoлни само  https://ceac.state.gov/CEAC. Секој кандидат мора да го пополни овој формулар пред да закаже термин за виза.

Чекор 3. Закажете термин за виза.

Одете на https://ais.usvisa-info.com/en-mk/niv и закажете термин за во конзуларен оддел:

  • Креирајте корисничка сметка
  • Внесете го бројот за потврда на DS-160 за секој апликант кој аплицира за виза
  • Довршете го процесот на враќање на документите преку курир
  • Уплатете административна такса за апликацирање за неимигрантска виза (MRV)
  • Закажете го Вашиот термин со избор на ден и време за разговор во конзуларниот оддел

Чекор 4. Присуствувајте на вашето интервју

По Вашето интервју, Ве молиме следете ги конкретните инструкции дадени од конзуларниот оддел.

Забелешка: Кандидатите од одредена возрасна група или оние кои ја обновуваат претходната виза за САД може да имаат право да аплицираат за виза без да присуствуваат на интервју. Подобноста за програмата “Ослободени од интервју” се утврдува низ процесот на закажување на термин за виза преку оваа страница. Врз основа на дадените одговори ќе се утврди Вашата квалификација за оваа програма.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија