Во кои држави странците имаат најлош социјален живот?

Иако некои држави можат да им понудат безбеден и мирен живот на доселениците, кога е во прашање вклопување во општеството, многумина се наоѓаат пред тежок предизвик. Верувале или не, според податоците од Expat Explorer survey за 2015 година, странците кои живеат во Швајцарија имаат најлош социјален живот.

Во истражувањето беа земени предвид 27 критериуми кои се однесуваа на финансиската состојба, искуствата во секојдневниот живот и семејството. Според истражувањето кое се спроведува веќе осма година, доселениците во Швајцарија се изјасниле дека им е навистина тешко да се интегрираат во швајцарското општество. Иако уживаат високи финансиски примања и живеат во безбедна средина, сепак на странците во Швајцарија им недостасува дружбата со пријатели.

Компанијата YouGov во истражувањето кое го спроведе меѓу март и мај оваа година, опфати речиси 22.000 странци во 39 земји. Странците често ја бираат Швајцарија за своја дестинација поради безбедниот живот, како и квалитетното образование и здравство. Но, многу од нив се изјасниле дека во оваа земја е прилично тешко да стекнете пријатели. На прашањето зошто е тоа така, повеќето доселеници одговориле дека најверојатно причината е културната разлика, опишувајќи ги Швајцарците како затворени и ладни луѓе.

На врвот на табелата кога е во прашање добриот социјален живот, се најде Сингапур, а потоа следуваа Нов Зеланд, Шведска, Бахреин и Германија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија