Германија визи: како функционира новото правило од 1 Јуни ?

Од 1 јуни 2024 г. ќе можете значително да ја забрзате постапката за виза со тоа што ќе си обезбедите првична согласност на следниов начин: Вашиот иден работодавач поднесува барање за првична согласност до Сојузната агенција за работа, пред да договорите термин за поднесување барање за виза. Веднаш штом Вашиот иден работодавач ја добие првичната согласност од Сојузната агенција за работа, Вие може да договорите термин и да поднесете барање за виза приложувајќи ја во исто време и првичната согласност. На тој начин ја прескокнувате лотаријата и ќе добиете термин кај ВизаМетрик во рок од само неколку недели. Последната лотарија се одржа во месец мај за термини во месец јуни 2024 г. Термините според новата постапка ќе бидат достапни во првата половина на месец јуни.

Што ви е потребно ?

Работодавецот мора за вас да направи VORABZUSTIMMUNG, тоа треба да го направи на следниов линк:
https://www.arbeitsagentur.de/unternehmen/arbeitskraefte/fachkraefte-ausland/westbalkanregelung
или на овој:
https://www.arbeitsagentur.de/unternehmen/arbeitskraefte/fachkraefte-ausland/vorabzustimmung-fuer-auslaendische-beschaeftigte#vorabzustimmung-beantragen

Исто така во прилог на тоа треба да го испрати и договорот за работа, и да го потполни овој формулар и да го испрати заедно со договорот Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis, кој може да се најде на следниов линк:
https://www.arbeitsagentur.de/datei/erklaerung-zum-beschaeftigungsverhaeltnis_ba047549.pdf

Кога ќе пристигне потврдата за Vorabzustimmung, треба да закажете термин преку веб-странata на aмбасадата.

На страната од амбасадата имате објаснето се што ви треба во однос на документацијата, барање, 2 слики итн.

Засега немаме претстава колку ќе се чека за да добиете термин и Vorabzustimmung, но кога сите ќе навалат треба да вашиот работодавец да биде подготвен и да ве почека.

Може ли договор од Leih/Zeitfirma? НЕ!

Може само Minijob или teilzeit? Не, мора да биде со полно работно време, мин. 35 часа или многу добра саатница, тогаш може да има помалку работни часови неделно.

Колку долго ќе се чека и колку ќе трае се: Не се знае! Во моментов е затишје пред бура.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија