Германија го легализира канабисот

Идната „Семафор Коалиција“ во Германија изјави дека ќе го легализира канабисот во Германија !!!

Планот е „контролирана дистрибуција на возрасни за уживање во лиценцирани продавници“, се вели во последниот труд на „Работната група за здравје и грижа“

„Со ова се контролира квалитетот, се спречува дистрибуцијата на забранети материи и се гарантира заштита на малолетниците“, тоа е причината за легализацијата на канабисот во Германија. По четири години, СПД, Зелените и ФДП повторно ќе го преиспитаат законот за „социјални ефекти“.

Во Холандија, на кафулињата им е дозволено да продаваат до пет грама канабис на возрасни. Така, тоа ќе се случи и во Германија наскоро.

Експертите за зависности од наркотици изјавуваат дека последиците од овој закон е тешко да се предвидат

Критиките доаѓаат од експертот за зависности, проф. Улрих Цимерман (58): „Легализација по покраини или општини би било попаметно и полесно за контролирање.“ Последиците од легализацијата на ниво на цела Германија е „тешко да се предвидат“.

Надежта на Цимерман: „Акодистрибуцијата е контролирана, постои можност поголема потрошувачка да не мора да доведе до поголема штета.“ Општата забрана, како што постои во моментов, во голема мера не е прифатена.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија