Германија го предупредува своето население: Штедете струја и подгответе се за зимата!

Претседателот на Германската регулаторна агенција за енергетика Клаус Милер денеска ги повика граѓаните , поради можноста Русија целосно да го прекине протокот на природен гас во земјата, да штедат струја и да се подготвуваат за зима.

Милер ги повика граѓаните да ја проверат состојбата на бојлерите и радијаторите за да добијат максимална ефикасност.

-Одржувањето може да ја намали потрошувачката на гас за 10 до 15 проценти, рече Милер.

Тој наведе дека граѓаните треба да се подготват за ова во текот на следните 12 недели.

Милер додаде дека германските семејства веќе треба да размислат „дали во текот на зимата секоја соба мора да биде на вообичаената температура или ако некои може да бидат малку постудени”.

Претходно во текот на јуни Русија го намали протокот на гас за Германија, Италија, Австрија, Чешка и Словачка.

Руската државна енергетска компанија „Газпром” изјави дека причина за тоа е технички проблем, бидејќи опремата што се поправа во Канада не може да се врати поради санкциите што западните земји и ги воведоа на Русија поради агресија врз Украина.

Германските лидери го отфрлија ваквото објаснување, па намалувањето на испораките на гас ги нарекоа политичка игра.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија