Германија е полна со бездомници: Зошто некогаш најсилната земја во Европа бележи нагло зголемување на бројот на лица кои се “на улица”!?

Според податоците на Федералното здружение за бездомници, бројот на бездомници во Германија значително се зголемил од 2021 до 2022 година. Според нив, причина за тоа, меѓу другото, е и зголемувањето на бројот на бегалци (особено од Украина) кои немаат каде да живеат.

Според тоа здружение, бројот на бездомници во 2021 година бил 383.000 а во текот на 2022 година, 607.000 луѓе биле привремено бездомници во Германија. Станува збор за зголемување од 58 отсто, пишува Дојче веле.

Најголем дел од бездомниците престојуваа(т) во институционално привремено сместување или, на пример, кај роднини или пријатели. Околу 50.000 луѓе во 2022 година живееле на улица.

Разлики меѓу бездомните Германци и странските државјани

Зголемување од пет отсто е забележано кај бездомниците со германско државјанство, додека скок од дури 118 отсто е забележан кај странските државјани. Повеќето од бездомните странски државјани никогаш немале стан во Германија и повеќето се бегалци, особено од Украина. Здружението наведува и дека кај странските државјани, семејствата се првенствено погодени од бездомништво.

Кога станува збор за германските граѓани, Здружението наведува дека тие се претежно полнолетни мажи, неженети, а причините за бездомништвото се следните: во 57 отсто од случаите тоа било луѓе кои биле исфрлени од сопственикот на станот, 21 отсто имале долгови за кирија и енергија, 20 проценти имале конфликти во животната средина, а 16 проценти како причина го навеле разводот или разделбата од партнерот.

Шефот на Сојузното здружение за бездомници, Верена Розенке, во соопштение за медиумите изјави дека инфлацијата, зголемените трошоци и зголемените кирии ги оптоваруваат домаќинствата со ниски приходи во Германија. Особено ранливи групи се едночлените домаќинства со ниски примања, самохраните родители и двојките со повеќе деца.

Розенке вели дека 100.000 нови социјални станови годишно, што е целта поставена од германската влада, не се доволни и дека е потребно двојно повеќе. Во последните години годишно се обезбедуваа само 25.000 нови социјални станови. Со ова не може да се компензира ниту огромното намалување на постојниот социјален станбен фонд што настанува поради истекување на обврската на сопственикот да ги нуди како такви на одреден број години.

Поради сукцесивно укинување на оваа обврска и во исто време ниската стапка на нови градби, уделот на расположливите социјални станови драстично опаѓа: според пресметките на Здружението, од 1989 година исчезнале околу 1.801.000 социјални станови (-62,3 проценти) и моментално има околу 1.088.000 од нив во Германија.

Да потсетиме, Германија со месеци е во неволја кога е во прашање економската состојба на земјата. Беше во рецесија неколку месеци, а економистите ја нарекоа оваа земја „болниот човек на Европа“.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија