Како резултат на мигрантската криза, Германија реши привремено да излезе од Шенген зоната, со што ќе се воведат гранични контроли. Според изјавата на германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, оваа одлука стапи на сила веднаш, додека земјата се бори со притисокот на рекорден прилив на бегалци. Министерот изјави дека оваа одлука била донесена поради безбедносни причини.
Портпаролот на германската федерална полиција, изјави дека стотици германски полицајци биле мобилизирани за спроведување на граничната контрола.
Oвој потег на Германија е спротивен на принципите на Шенген зоната, која им овозможува слободно движење меѓу многу европски земји.
Контролите најпрво ќе се воведат на границата со Австрија. Железничкиот сообраќај меѓу Германија и Австрија беше прекинат за 12 часа. Во меѓувреме, австриската влада се состанува со цел да се изнајде решение за овој проблем.