Германија: Од 15 јуни дозволено патување во европските земји

Владата во Берлин го укинува важечкото предупредување за туристички патувања за најголем дел од европските земји од 15 јуни. Република Македонија и другите држави од Западен Балкан не се опфатени во одлуката.

Германската влада одлучи да го укине предупредувањето за туристички патувања во 29 европски земји, почнувајќи од 15 јуни. Ова го соопшти денеска германскиот министер за надворешни рабти Хајко Мас по владината седница во Берлин. Бидејќи во Шпанија и во Норвешка уште важи забрана за влез во земјата и по 15 јуни, патничките ограничувања за овие две земји се привремено продолжени до 21 јуни, а веднаш потоа ќе бидат и тие укинати.

Од 15 јуни германските граѓани ќе можат да патуваат во 26 земји-членки од ЕУ, Велика Британија и четири држави од Шенген просторот, кои не се дел од ЕУ: Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн, со тоа што укинувањето на патувањето за Шпанија и Норвешка се пролонгира за една недела.

Но, укинувањето на предупредувањето за патување во никој случај не значи и поттик за туристички патувања, истакна министерот Мас. Освен тоа, доколку ситуацијата со коронавирусот во одделни земји се влоши, повторно ќе биде воведено патничко ограничување за нив. Германската влада притоа се ориентира на граница од 50 новозаболени на 100.000 жители во текот на седум дена за сите европски држави. Доколку таа бројка се надмине повторно ќе се воведуваат рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот.

Извор: DW.de

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија