Обвинителите во Германија велат дека пробиле една од најголемите светски платформи за детска порнографија, пренесува „Euronews“.
Властите информирале дека веб страната „Бојстон“ ја користеле над 400.000 регистрирани корисници.
Педофилите ја употребувале платформата за да споделуваат и гледаат порнографија со деца и деца под три години, најчесто момчиња од целиот свет.
Детективите истакнале дека пронашле „фотографии од најтешко сексуално насилство врз деца од 12 до 16 месеци“ помеѓу фотографиите и видео материјалот.
Обвинителите од Франкфурт во своето соопштение изјавиле дека заедно со федералната полиција во средината на април започнале да истражуваат за три осомничени кои биле администратори на платформата. Подоцна тие биле уапсени заедно со еден германски корисник. Еден од трите главни осомничени бил уапсен во Парагвај.
За време на случајот, претресени биле седум згради во Германија.
Германската полиција работела на случајот во соработка со Европол, како и полицијата од Холандија, Шведска, Австралија, САД и Канада.
Помеѓу трите главни осомничени биле 40 годишен човек од Падерборн, 49 годишен човек од Минхен и 58 годишен човек од северниот дел на Германија, кој живеел во Парагвај неколку години.
Обвинителите нагласиле дека работеле како администратори на сајтот и давале податоци за тоа како корисниците да ги заобиколат законите при користењето на платформата за детска порнографија.
Четвртиот осомничен, 64 годишен жител на Хамбург, е обвинет како најактивниот корисник на платформата кој начелно споделил 3.500 објави.
Германија побарала екстрадиција на осомничениот кој бил уапсен во Парагвај.
Поради германскиот закон за приватност, не се објавени имињата на осомничените. Но, по полициската акција во средината на април, веб страната не функционирала.
За повеќе вакви и слични содржини придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.