Последните неколку дена открив нешто интересно. Редовно ја следам посетеноста на страната и во главата имам графикон кој најчесто следи позитивен тренд. Во 3 и 4 месец годинава забележав опасен пад на посетеноста. Во 5ти пак работите се подобрија, а во 6ти, 7ми, 8ми, 9ти и 10ти цело време е во позитивен тренд. Можеби некој веднаш сфати – токму тоа е трендот на присуството на короната во нашите животи.
Со доаѓањето на короната и неконтролираното темпо на проширување, постоеше неизвесност и помал интерес од читателите за темите за кои пишувам. Поедноставено – има помал интерес за живеење во Германија и помалку луѓе бараат работа во Германија затоа што веруваат дека сега е погрешно време за барање.
Но дали е тоа вистина? Дали има смисла да барате работа во Германија во моментов?
Марина од die-bewerbungsagenture направи голем напор да направи список на компании кои сега (да, сега) бараат вработени и направи список заедно со линк за веднаш да се дојде до вистинската страница со информации.
Сите горенаведени се познати компании кои моментално мака мачат да најдат вработени бидејќи како и кај нас ситуацијата им е потешка од порано. Ќе забележите дека најмногу ги бараат оние индустрии кои профитирале од оваа ситуација. Хотели, туризам итн никаде на повидок.
П.С. ако веќе аплицирате, има смисла добро да се подготвите.
Еве листа и линкови:
- Lidl бара 16.190 вработени
- Edeka бара 8.340 вработени
- Rewe бара 6.280 вработени
- Aldi бара 1.000 вработени
- Deutsche Bahn бара 2.773 вработени
- Fresenius бара 2724 вработени
- Deutsche Post / DHL бара 2.200 вработени
- Amazon бара 1.200 вработени
- Deutsche Telekom бара 900 вработени
- IT-Dienstleister Bechtle бара 750 вработени.
- HypoVereinsbank – UniCredit бара 600 вработени
- Allianz бара 550 вработени
- Siemens бара 500 вработени
- Schaeffler бара 450 врботени
- Vonovia бара 450 вработени
- Vodafone бара 450 вработени
- Sparkasse-Finanzgruppe бара 400 работници, и 270 Ausbildungsplätze .
- Axel Springer бара 400 работници
- Rossmann бара 400 работници
- Rheinmetall бара 400 работници
- Dekra бара 400 работници
- United Internet, бара 400 работници
- BASF бара 400 работници
- TÜV Süd бара 350 работници
- Continental бара 350 работници
- BWI бара 350 работници
- Bertelsmann бара 350 работници
- Zalando бара 350 работници
- KPMG бара 300 работници
- IT-Dienstleister CGI бара 300 работници
- DB Schenker бара 300 работници
- Thyssenkrupp бара 300 работници
- Vinci Energies бара повеќе од 250 работници
- IT-Unternehmensberatung Adesso бара 250 работници
- RWTH Aachen Universität бара 250 работници
- EY бара 200 работници
- Check24 бара 200 работници ,
- Fujitsu бара 200 работници
- ProSiebenSat.1 Media бара 200 работници
- Henkel бара 200 работници
- Evonik бара 200 работници
- Delivery Hero trazi 200 zaposlenika
- Roche бара 150 работници .
- Bayer бара 150 работници
- Die HUK-Coburg бара 150 работници .
- Logistikunternehmen Kühne + Nagel бара 150 работници
- IT-Dienstleister Atos бара 150 работници
- ABB бара 150 работници
- UPS бара 150 работници
- Pharma- und Medizinkonzern B. Braun Group бара 150 работници
- GEA Group бара 150 работници
100 до 150 активни огласи за работа:
- Deutsche Börse (финансии, берза)
- Charité Berlin (универзитетска клиника)
- KRH Kliniken Region Hannover (здравствени услуги)
- Transnet BW (телекомуникација)
- Boehringer Ingelheim (фармацевтска индустрија)
- Merck (фармацевтска индустрија)
- Finanz Informatik (банкарство)
- SAP (software)
- Paul Hartmann (медицински и хигиенски производи )
- Rohde & Schwarz (електротехника)
- MediaMarkt Saturn (трговија со електроника)
- Debeka (осигурување)
- Wolff & Müller (градежно)
50 до 100 активни огласи:
- Amprion (телекомуникации)
- Vetter Pharma (фармацевтска индустрија)
- Deutsche Glasfaser (телекомуникации)
- MHP Management- und IT-Beratung (советодавна фирма)
- Miele (елекрични апарати)
- 1&1 Versatel (телекомуникации)
- Retarus (Informationslogistik)
- Thermo Fisher Scientific (лаборатории,фармација)
- Nestlé (намирници, чоколада)
- Lilium (авијација)
- Adidas (спортски производи)
- Bosch Rexroth (автоматизација)
- Audi
Ако имате искуство пишете!
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.