Дали би ја пробале оваа шведска пица?

Пицеријата Nya Gul & Blå стана вистински хит на интернет откако на насловните страници во Шведска се појави слика од нивната пица „Вулкан“. Како што ја нарекуваат и самите, „најдобрата пица во светот“ чини 120 круни, а содржи сланина, феферони, стек, помфрит, краставица, домат, црвен кромид, марула, еден куп сирење и многу, многу повеќе.
Сликата од оваа пица на фејсбук доби повеќе од 13.000 лајкови, а ја виделе повеќе од милион луѓе.

Новинар од шведскиот весник Aftonbladet ја посетил оваа пицерија специјално само за да ја вкуси Вулкан пицата, но едвај успеал да ја изеде. Додека пак шведскиот веб-сајт Nyheter 24 отиде толку далеку, што ја прогласи за „најубавото нешто му се случило на човештвото“.

„Почнавме да добиваме телефонски нарачки и успеавме да продадеме многу вакви пици. Добиваме и пораки од луѓе од целата земја кои се интересираат колку би ги чинело доставата до дома.“ – изјави сопственикот на ресторанот.

Сепак, љубителите на пица треба да имаат предвид дека оваа пицерија се наоѓа далеку, дури 850 километри северно од Стокхолм. Па можеби би било добро да размислите два пати пред да побарате достава до дома.


pica

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска