Данска воведе двојно државјанство

По неколку годишното лобирањето на иселеничките групи во Данска и организацијата „Данците Во светот“, двојно државјанство конечно ќе стане реалност во оваа држава.

Во декември минатата година, Парламентот го донесе законот со кој се дозволува двојно државјанство. Законот стапи на сила на први септември, а ќе им овозможи на странците да стекнат данско државјанство, без да се откажат од нивното матично државјанство.

Данска беше една од последните земји од ЕУ која не дозволуваше двојно државјанство стекнато преку натурализација. Иако имаше голем број на исклучоци од правилото, во најголем дел странците мораа да се откажат од своето прво државјанство, за да станат државјани на Данска. Од друга страна, Данците кои живеат во странство, требаше да се откажат од нивното данско државјанство, за да станат државјани на земјата во која живеат. Со новиот закон, сите Данци кои претходно се откажале од данското државјанство, ќе имаат можност да го вратат во рок од пет години.

Глобалната организација „Данците во светот“, работеше на овој проблем повеќе од една деценија.
„Добро е што луѓето кои се надвор од нивната татковина, сега ќе можат да го задржат својот идентитет и активно да учествуваат во усвојување на културата“, изјави генералниот секретар на организацијата, Ен Мари Далгард.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија