Околу 2.200 странци кои во текот на минатата година добиле данско државјанство, беа поканети на прославата по повод „ден на државјанството“ која се одржа по единаесетти пат во Копенхаген. Новите државјани беа почестени со забава на која говор одржи и претседателката на параментот на Данска, Пиа Кјесто.
„Кога некој добива ваков подарок, мислам дека би требало да даде нешто за возврат. Од нашите нови државјани очекуваме отворено да ја прифатат демократијата на Данска и да направат позитивен придонес за нашето општество”, изјави Кјесто по церемонијата.
Во декември 2014, данскиот Парламент го донесе законот со кој се дозволува двојно државјанство. Законот стапи на сила на први септември минатата година, а ќе им овозможи на странците да стекнат данско државјанство, без да се откажат од нивното матично државјанство.