ДАНСКА РЕШИ НА БЕГАЛЦИТЕ ДА ИМ ПОКАЖЕ КАЈ ИМ Е ДОМА

Данска е првата европска земја кој се одлучи да ги повлече дозволите за престој на бегалците од Сирија, инсистирајќи дека во нивната татковина сега е безбедно да се вратат.

Околу 200 барања за продолжување на времените дозволи на престој на бегалци од Сирија се одбиени од данските власти според кои ваквата политика е оправдана заради проценката дека во некои делови од Сирија, безбедносната ситуација е „значително подобрена“,  Статусот на околу 500 бегалци дојдени од Дамаск и околината  бил во процес на ре-евалуација.

Случајот предизвика внимание откако една 19 годишна девојка од Сирија, се расплака пред камери прашувајќи што тоа згрешила за да добие шут-карта од Данска.

После 10 годишна војна, контрола на ситуацијата во поголемиот дел од Сирија има Башар ал Асад а фронтовски престрелки има само на северот од земјата. Но, добар дел од бегалците, од таму имаат избегано и заради озлогласената тајна полиција која, според западни извори, е одговорна за апсење, малтретирање или исчезнување на околу 100.000 лица откако војните започнаа во 2011 година.

Животот во областите кои се пацифицирани е далеку од нормализиран. Основните сервиси како струја и вода се падни-стани а минатогодишната девалвација на локалната валута довела до зголемување на цената на храната од 230%.

Некои од бегалците поднеле жалби на одлуката за прекин на нивниот престој во Данска, но, ги губат жалбите. Бидејќи Копенхаген нема дипломатски односи со Дамаск, бегалците не можат да бидат директно депортирани па се ставаат во „центри за задржување“ кои се слични на затвори и во кои луѓето не можат да работат, учат или да добиваат соодветна здравствена помош.

Од новата данска политика исклучени се само мажите поради проценка дека дома можат да бидат мобилизирани во војска па политиката главно ги погодува постарите лица и жените. Многу од нивќе бидат соочени со одвојување од своите деца, пишува Гардијан.

За повеќе вакви информации придружете ни се во нашта фејсбук група.