Американската лотарија започна. Еве како да аплицирате

За да аплицирате преку лотаријата, следете ги следниве чекори на Процес за Виза Преку Лотарија на usvisas.state.gov. Откако ќе ги завршите овие чекори, за понатамошни информации и упатства погледни ги инструкциите што ви се дадени од страна на Конзуларниот Центар во Кентаки (KCC).

Следниот чекор:

Откако ќе завршите со чекорите објаснети погоре на usvisas.state.gov, вклучувајќи го и поднесувањето на формуларот за имигрантската виза (ДС-260), ќе добиете е-маил од Конзуларниот Центар на Кентаки (KCC), за да бидете информирани за закажаниот разговор. Е-маилот  ќе ви даде инструкции да се логирате во Провери Статус на Учесник на интернет страната на Електронска лотарија(E-DV), користејќи го потврдниот бројот на вашата  регистрација за Виза Лотаријата, за да ги видите датумот, времето и местото на вашето интервју.

Откако подносителот на барањето, носителот на визата или избраниот агент добие известување со закажан датум за интервју од Националниот Центар за Визи (NVC) за апликанти за имигрантска виза и од Конзуларниот Центар во Кентаки (KCC) за апликанти за виза преку лотаријата, сите апликанти поединачно мора да го регистрираат нивниот датум за интервју и за DHL курирската служба со цел да им се врати пасошот по завршувањето на нивната процедура и/или за доставување на дополнителни документи ако тоа го побара конзуларниот службеник. Следете ги овие чекори:

  1. Креирајте корисничка сметка;
  2. Изберете “Регистрирај се”;
  3. Изберете “Добив датум за интервју од Националниот Центар за Визи (NVC), Kонзуларниот Центар во Кентаки (KCC) или Kонзуларниот оддел и добив инструкции да го регистрирам мојот термин на оваа страница”;
  4. Продолжете со избор од паѓачкото мени “Морам да регистрирам термин за имигрантска виза”;
  5. Пополнете ги личните податоци и Вашиот број на предмет *;
  6. Изберете ја филијалата на DHL кадешто сакате да ви се испрати пасошот по завршувањето на Вашиот предмет и/или сите доставени документи ако тоа го побара конзуларниот службеник;
  7. Изберете “Продолжи” и потоа “Заврши регистрација”;
  8. Отпечатете ја потврдната страница “Упатства” и донесете ја заедно со сите други документи во Конзуларниот оддел. Визата не може да се издаде без оваа регистрација.

* Доколку за време на Вашата регистрација добиете порака: “Дадениот број на предмет за имигрантска виза не е подготвен да закаже состанок”, дозволете уште неколку дена сé додека Вашиот број не се вчита на веб страната. Ова обично се случува затоа што сте добиле писмо за закажано интервју пред да се испрати Вашиот електронски предмет во Конзуларниот оддел. Мора да се обидете повторно да се регистрирате во наредните денови, но ВАЖНО е да бидете регистрирани пред закажаниот датум на интервју.

По интервјуто:

Ако вашата виза е одобрен, ќе бидете информирани како и кога вашиот пасош со визата ќе ви биде вратен. Внимателно да ги разгледате информациите во по интервјуто на usvisas.state.gov за да дознаете што треба да направите кога ќе ја добиете вашата виза, за вашиот влез во САД, плаќањето на Имигрантската административна такса на USCIS , и други важни информации.

Статус на случајот

На крајот на вашето интервју за имигрантска виза, конзуларниот службеник ќе ве информира дали вашата апликација за виза е одобрена или одбиена.

Некои апликации за виза бараат дополнителна административна обработка, која одзема дополнително време на конзулот по интервјуто за  виза. Апликантите се информираат за ова барање  од кога тие ќе аплицираат. Повеќето дополнителни административни обработки се решени во рок од 60 дена од денот на интервјуто за виза. Кога се бара дополнителна административна обработка, времето за обработка ќе се разликуваат врз основа на индивидуалните околности на секој предмет. Можете да го проверите статусот на вашата апликација за виза на ceac.state.gov.

Ако вашата виза е одбиена, корисни информации за неквалификуваност и одрекување на забрана можете да најдете на usvisas.state.gov страната.

Законот за имиграција од 1990 година ја основа програматана лотаријата  кадешто 55.000 имигрантски визи се расположиви во една лотариска година, почнувајќи од фискалната 1995 година. Лотаријата има за цел да го збогати имигрантското население во САД, со избирање кандидати од земјите со ниска стапка на имиграција во САД во последните пет години.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија