Германски институции во Република Македонија

Следните германски институции имаат претставништва односно канцеларии во Република Македонија.

Гете Институт

Гете-институт е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет. Го афирмира учењето на германскиот јазик во странство и негува меѓународна културна соработка.

Германска академска служба за размена ( DAAD )

Канцеларијата на ДААД во Скопје Ви нуди информации околу стипендиската програма на ДААД.

Друштво за меѓународна соработка ( GIZ )

Билатералната развојна соработка почна во 1992 година. Денес, Друштвото за меѓународна соработка има 8 делегирани лица од Германија и 36 локални соработници, кои се активни во Република Македонија.

Македонско – германско стопанско здружение – Делегација на германското стопанство во Република Македонија

Делегацијата на германското стопанство во Република Македонија е основано во 2000 година во Скопје како Застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) од Берлин.

Кредитна банка за обнова и развој ( KfW )

Финансиската билатерална соработка меѓу Германија и Република Македонија преку KfW почна во 1997 година. Денес, КфВ пред сé е активна во областите енергетика, комунална инфраструктура и одржлив развој на стопанството.

Фондацијата Конрад Аденауер

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) е германска политичка фондација. Со своите програми и проекти активно придонесува за меѓународната соработка и комуникација. Основните принципи на работата на Фондацијата “Конрад Аденауер” се слободата, правдата и солидарноста.

Фондацијата Фридрих Еберт

Фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich-Ebert-Stiftung) – ФЕС е најстарата политичка фондација во Германија, со богата традиција во социјалдемократијата која датира уште од нејзиното основање во 1925 год.

Институт за меѓународна соработка на Германскиот сојуз на на работнички универзитети ( DVV )

DVV ја отвори својата прва канцеларија во Југоисточна Европа во 1998 година токму во Република Македонија. Институтот е важен партнер во врска со образованието на возрасни во земјата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија