Виза за Италија

Барателите на било кој тип на виза може да отидат директно во визниот оддел на Амбасадата без претходно закажување по телефон (работа со странки: од вторник до петок од 09:00 до 13:00 и во среда исто така од 14:30 до 16:30 часот).

Потребни документи за барање на Национална виза за долг престој „Д„ (престој над 90 дена):

* За работа:

– пополнет формулар за виза

– фотокопија на пасош со датум на истекување од минимум 3 месеци од времетраењето на визата

– фотокопија од Нула Оста

– една мала слика

– 7.156 денари

* За семејно соединување сопружник:

– пополнет формулар за виза

– фотокопија на пасош со датум на истекување од минимум 3 месеци од времетраењето на визата од барателот

– фотокопија на пасош од сопружникот

– фотокопија од Нула Оста

– оригинал интернационален извод на венчани, не постар од 6 месеци

– една мала слика

– 7.156 денари

* За семејно соединување дете:

– пополнет формулар за виза

– фотокопија на пасош со датум на истекување од минимум 3 месеци од времетраењето на визата од детето

– фотокопија на пасош од родителите

– фотокопија од Нула Оста

– оригинал интернационален извод на родени, не постар од 6 месеци

– една мала слика

– 7.156 денари

* За семејно соединување родител:

1. Пополнет формулар за национална Д виза на латиница со печатни букви

2. Копија од пасош со датум на истекување од минимум 3 месеци од времетраењето на визата

3. Една мала фотографија

4. Копија од Нула Оста

5. Уверение издадено од општината (подрачна канцеларија на Мин. за правда) за вкупниот број на ваши деца. Доколку општината не издава таква потврда, нотарска изјава за бројот на ваши деца

6. Меѓународен извод на родени на детето кое е носител на Нула Оста

7. Копија на документите од останатите деца, доколку живеат во странство потврда од дозволата за престој издадена од земјата каде живеат. Доколку живеат во Македонија потребна е потврда за жителство.

8. Потврда за работна положба на барателот на визата

– потврда за плата за вработени

– чек од пензија за пензионери

– за невработени потврда од Завод за вработување

9. Доколку сте во брак меѓународен извод на венчани. Исто како и за вас, потребна е потврда за работната положба на вашиот сопружник од точка бр.8. Доколку сопружникот е починат извод од матичната книга на умрени

10. Уверение од УЈП за остварени приходи (годишни) заверено со апостил печат, како и за евентуалниот сопружник

11. Доколку синот/ќерката ви испраќа парични средства потврда од банка или вестерн унион.

12. На шалтер ќе треба да пополните и изјава под полна материјална и кривична одговорност колку деца имате (за оваа заверка се плаќа конзуларна такса од 864 ден.)

13. Цената на визата е 7.156 денари во готово на шалтер.

Мејл: [email protected]
 [email protected]

Тел: +389 2 32 36 518
+389 2 32 36 517

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија