Во последно време многу македонци почнаа да се враќаат назад во Македонија и тој тренд постојано се зголемува.
А кои се причините за тоа?
1. Воспитувањето на децата
Многу родители сватија дека на запад и не е баш лесно да ги пораснат децата онака како ние што сакаме. И, иако се трудат, домашното воспитување и не е баш успешно.
Воспитувањето на децата во Германија се одвива онака како што налага системот. Во школите децата ги учат некои работи кои за нас се неприфатливи и ненормални. Зар постојат три пола !?
Родовата политика на запад е ужасна. Воспитувањето и растењето на децата во Германија постанува се полошо и многу родители гледаат дека тоа не води никаде.
2. Скапотијата
Во последно време цените во Германија толку многу се дигнати што тоа постанува скоро неиздржливо. Од храната која дупло поскапи, па до цената на становите која се дигна до небесата и сеуште оди нагоре. Греење, плин, струја и останатите енергенси се прескапи.
И на крај, кога се ќе собереме и одземеме, останува прашањето: Дали се исплаќа да останеме во Германија, ако немам надпросечни плати?
Математиката е јасна
А вие, кои се вашите планови за во иднина ? Дали ќе останете или планирате да ја напуштите Германија ? Пишете ни во коментар.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.