ПочетнаЕвропаГерманијаГерманија ги преполови работните дозволи за Македонија

Германија ги преполови работните дозволи за Македонија

Од досегашните 50.000 работни визи, Германија го намали бројот на годишни влезни дозволи на 25.000 за граѓаните на Македонија и на другите балкански држави.

Политиката на новата германска влада е намалување на бројот на имигрантите, па оваа одлука е резултат на економската нестабилност, рецесија и промени во политиките.

Според агенциите за посредување при вработување, моменталната побарувачка за работна сила во Германија е значително намалена, а многу сектори, вклучително и градежништвото, веќе не вработуваат во истиот обем како претходно.

Покрај тоа, значителен број Украинци кои поради војната се преселија во Германија добија право на престој и работа, што дополнително влијаеше на вработувањата на работници од Балканот.

Балканските држави, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Црна Гора, од 2016 година имаа можност за легален влез на нискоквалификувани работници во Германија. По последните измени, бројката е значително намалена.

Германските работодавачи предупредуваат дека овие нови ограничувања на квотите може да доведе до недостиг на работна сила во одредени сектори како што се градежништвото, угостителството и негата.

Зголемувањето на трошоците за живот и намалените можности за вработување придонесуваат дел од македонските работници да се враќаат во земјата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Минхен

СЛИЧНИ СТАТИИ

НАЈЧИТАНИ