Како до германска возачка дозвола во 6 чекори

Подготвени сте да полагате возачки испит во Германија, но имате проблем со јазикот? Сè уште не сте отишле во автошкола затоа што не знаете колку ве чини испитот? Подготвив сè за вас така да знаете како да го положите испитот во Германија и колку ќе ве чини сето тоа.

1. Закажете термин на офтамолог

Пред да одлучите да полагате возачки тест, треба да направите тест за вид. Тоа е обврска за скоро сите категории возила. Ако случајно земате Ц или Д категорија, тогаш мора дополнително да извршите систематски преглед.

Што се однесува до трошоците за преглед, скоро се покрива вашето здравствено осигурување (може да ви се наплати 6 € за овој преглед).

Сите луѓе постари од 50 години мора да го повторуваат овој преглед на секои 5 години!

2. Поминете курс за прва помош

Друга обврска на секој мора да ја направи е да полага курс за прва помош (Erste Hilfe Kurs). Овој курс ќе ве чини 40 € и ќе трае околу 8 часа. Најдобро е да ја користите официјалната веб-страница на Црвениот крст за да ја најдете вашата најблиска канцеларија:

DRK Erste Hilfe Kurs finden

3. Пронајдете авто-школа

Сега, откако ги завршивте првите два чекори, важно е да пронајдете автошкола. Во многу градови може да се полага на хрватски, англиски, бугарски јазик…

Откако ќе се одлучите за автошкола (Fahrschule), започнувате да учите и да се подготвувате за возачки испит. Според германскиот закон, потребно е да се има минимум 14 часа теорија и 12 часа возење во вонредни услови (Sonderfahrten – 4 пати по автопат, 5 пати по ненаселено место, 3 пати ноќна вожња). Без завршени часови за обука, не можете да полагате теоретски или практичен испит.

Која е цената на возачкиот испит

Цената на возачкиот тест за време на пишувањето (2021 година) се движи од 1.500 до 2.400 евра.
Ова се некои од трошоците (според Handelsblatt): 

преглед од офталмолог 6 €

курс за прва помош. 40 €

Слика за возачката дозвола 5-10 €

основна цена на автошколата околу 200 евра

материјали за учење 60-80 €

теоретски тест (Tüv / Dekra) 22,49 €

практичен тест (Tüv / Dekra). 116,93 €

Трошоците можат да варираат значително од град до град, а цената зависи од часовите поминати во возење, како и од тоа дали ќе треба да повторите кој испит.

4. Закажете термин во установата за возачки дозволи (Straßenverkehrsamt)

Овој дел е многу важен за оние луѓе кои полагаат возачки испит за прв пат. Ќе заштедите многу време што би го потрошиле откако ќе го положите испитот.

5. Полагајте теоретски испит

Theorieprüfung или теоретски тест во Германија е обврска што мора да ја извршите. Исто така, пред испитот имате задолжителни 12 часа теоретска настава во траење од 90 минути (12 двојни училишни часови). Исто така имате 2 часа (2 x 90 минути) дополнителен материјал.

Тестот се состои од 30 прашања со повеќе можни избори на одговори и носи 110 поени. Ако имате под 100 поени, не сте го положиле испитот. Повторувањето на испитот чини 22,49 €.

Според статистичките податоци за 2020 година, дури 36% од Германците не го поминуваат теоретскиот дел од прва, затоа не се демотивирајте ако падните првиот пат.

Овде имате апликација на повеќе јазици а учење на тестовите. Јас ја наместив на хрватски за полесно превземање. Превземи апликација.

6. Полагање практичен испит

Praktische Prüfung или практичниот дел од тестот мора да се заврши во рок од 12 месеци по полагањето на теоретскиот дел. Практичниот дел можете да го полагате само после извозени 12 часа во вонредни услови (Sonderfahren).

Тестот трае од 30 до 75 минути – во зависност од тоа за која категорија полагате. Полагањето ќе биде претежно на германски јазик, па затоа е добро да научите барем некои поими ако сте нов во Германија.

Не заборавајте да понесете лична карта (пасош) и очила ако ви требаат.

Што ако не положам?

Доколку не го положите практичниот испит, ќе мора да го повторите по цена од 116,93 €. Исто така, ќе мора да платите дополнително за трошоци за вожња. Доколку не успеете да го положите практичниот испит 3 пати по ред, забрането е да полагате испит 3 месеци.

Исто така ќе мора да појдоте на медицинско-психолошки тестови, наречени „Iditontest“. Ова тестирање се состои од медицински прегледи, разговори со психолог и полагање испити. Овој тест ќе ве чини од 350 до 750 € – затоа е подобро да го положите испитот во рамките на 3 обиди.

Што кога ќе положиме?

Кога ќе го положите практичниот дел, добивате привремена возачка дозвола што ќе ја замените за вашата вистинска возачка дозвола во устанквата за возачки дозволи.

Првите 2 години откако ја добивте возачката дозвола, вие сте нов возач на патот и затоа можете побрзо да ја изгубите возачката дозвола. Во овој период, на пример, има нула толеранција на алкохол, затоа бидете внимателни!

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија