Што е Bayerisches Familiengeld и како да аплицирате за тоа

Во јули 2018 година, баварскиот парламент донесе одлука за исплата на „Bayerisches Familiengeld“. Законот стапи на сила веднаш и важи од 1.8.2018 година.

Bayerisches Familiengeld е уште еден вид на поддршка за семејствата во Баварија и значи исплата на финансиска поддршка за секое дете на возраст од 13 до 36 месеци.

  • Износот на поддршката е 250 евра месечно за секое дете помеѓу 1 и 3 годишна возраст, а за семејства со три или повеќе деца 300 евра месечно, што значи дека вкупниот максимален износ на поддршка е 6000/7200 евра.
  • Сите деца родени по 1 октомври 2015 година имаат право на оваа поддршка, без оглед на приходите на нивните родители.
  • Децата кои одат во Kinderkrippe не го губат правото на Familiengeld.
  • Bayerisches Familiengeld доаѓа покрај Kindergeld, едното не го заменува другото.

Како да аплицирате за Bayerisches Familiengeld?

Повеќето нема да имаат потреба ниту да поднесат барање. Сите оние што поднеле или кои ќе достават апликација за Elterngeld автоматски се внесуваат во списокот на приматели на Familiengeld. Според статистичките податоци, тоа е 98% од луѓето. Другите 2% кои не го користат правото на Elterngeld можат да аплицираат онлајн тука:
https://www.zbfs.bayern.de/familie/familiengeld/antrag/index.php

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија