Како да добиете извод од матичната книга на родените (Geburtsurkunde) за дете во Германија?

Успеавте да го пријавите детето (ако не сте, може да прочитате овде како да регистрирате новородено дете во Германија), следниот чекор е да извадите извод од матичната книга на родените (Geburtsurkunde) што е основа за секој дополнителен документ на вашето дете.

Овде ќе објаснам како е во Минхен, но процедурата е иста во сите општини во Германија.

Кога: Веднаш откако ќе го пријавите детето

Каде: Лично во Standesamt (KVR) или онлајн

Лично. Неколку дена после пријавата, појдете лично во Geburtenbüro, СStandesamt München – Ruppertstraße 11, 80337 München или Standesamt München Pasing – Landsberger Str. 486, 81241 München. (За Stadtbezirk 21 (Pasing – Obermenzing), 22 (Aubing – Lochhausen – Langwied) и 23 (Allach – Untermenzing), задолжен е Standesamt München Pasing, за сите други задолжен е Standesamt München и лично преземете ги документите. Најдобро е прво да се јавите и да прашате дали детето е правилно регистрирано, никој не сака да оди таму и да чека на крајот да си оди дома со недовршени работи бидејќи денес не работи, документите се уште не се пристигнати и слично.
Онлајн. Многу едноставно, без малтретирање и чекање во ред.
Бидејќи јас лично сите овие работи ги правам онлајн, ќе опишам како ќе аплицирате за извод од матичната книга на родените во Германија преку интернет.

Прво, одете на www.geburtenbuerno.de

Најдете Urkundenbestellservice и потоа изберете Geburtsurkunde.

Ако сте направиле се како што треба, ќе дојдете до овој прозорец, во кои мора да ги пополните вашите и податоците за детето за кое сакате да извадите Geburtsurkunde.

  1. Absenderangaben
    1. Privatperson/Firma – Дали сте приватно лице или компанија. Што и да одберете, ќе треба да ги пополните целосните детали за вас или вашата компанија.
  2. Angaben zur Person, von der die Urkunde/Auskunft benötigt wird
    1. Die Urkunde/Auskunft wird beantragt für? – За кого барате извод од матичната книга на родените? За себе, дете, брат, мајка … ако е, на пример, роднина, ќе треба да ја опишете и докажете правната основа за која го барате изводот на родените на таа личност.
    2. Familienname, Geburtsname, Vornamen – Име и презиме на лицето за кое барате извод од матичната книга на родените
    3. Ich kenne… – Овде можете да го внесете точниот датум на раѓање на вашето дете или лицето што го барате. Меѓутоа, вие исто така имате опција, ако барате документи за некој друг и не го знаете точниот датум на раѓање, да внесете само година или период во кој се родило лицето.
    4. Geburtsort – На официјалната веб -страница на градот Минхен автоматски е внесено Минхен.
    5. Geburtsklinik – на која клиника е родено детето.
    6. Bitte geben Sie nun das zuständige Standesamt an – внесете кој Standesamt е задолжен за вас. Standesamt München или München Pasing.
    7. Beurkundungsnummer/früheres Standesamt – Ако го знаете вашиот кориснички број ако го имавте во претходниот Standesamt (на пример, ако сте се преселиле од некаде во Баварија во Минхен). Не е важно, можете да го оставите празно.
    8. Verwendungszweck und Bemerkungen Тука треба да напишете зошто барате документи. На пр. стапување во брак, добивање пасош и слично. Меѓутоа, ако барате за новородено дете, можете едноставно да напишете “Neugeborenes Kind”.

Секое новородено дете добива по 3 копии од изводот на родените бесплатно со веќе подготвена намена, за Kindergeld, Elterngeld i Mutterschaftsgeld/Krankenkasse. Овие три копии ги добивате автоматски и само еднаш.

Во овој прозорец можете да нарачате дополнителни изводи од матичната книга на родените.

  • Geburtsurkunde –„Обичен“ извод од матичната книга на родените, без намена. Предлагам да нарачате, секогаш треба за нешто.
  • Mehrsprachiger Auszug aus dem Geburtenregister – Меѓународен извод од матичната книга на родените, потребен доколку сакате да извадите македонски документи за детето
  • Geburtsurkunde für das Stammbuch der Familie – Посебен формат на извод од матичната книга на родените за луѓе кои водат „Stammbuch“ или „Familienbuch“. Тоа е всушност убава книга каде што можете да ги чувате сите семејни документи.
  • Beglaubigte Abschriften / Ausdrucke aus dem Geburtenregister – Заверена копија од матичната книга на родените
  • Geburtsurkunde nur für Sozialversicherungszwecke (für andere zwecke nicht verwendbar) – Извод од матичната книга на родените наменет исклучиво за социјално осигурување
  • Auskunft ber die Geburtszeit – Официјална изјава за точното време на раѓање
  • Suchgebühr – Надомест за пребарување, ако не сте дале детални информации, туку на пример, само годината на раѓање

Време е да ја завршите нарачката и да платите. Постојат многу начини на плаќање, изберете го оној што најмногу ви одговара. Бидејќи јас лично немам кредитна картичка, плаќам за повеќето работи преку Lastschrift (ги внесувате вашите банкарски податоци, IBAN и BIC и тие автоматски „вадат“ пари од вашата сметка. Многу едноставно).

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.