СКАНДАЛ ВО БОЛНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА 9.000 луѓе џабе се боцкале, им дале солена вода наместо вакцина

Скандалозниот случај беше откриен во болница во Германија, но се претпоставуваше дека се работи за само шест инјекции исполнети со физиолошки раствор. Во истрагата за овој случај се приклучи и специјалниот комесар за политички мотивирани злосторства, бидејќи осомничената медицинска сестра на социјалните мрежи сподели критички ставови за вакцинацијата.

Откако пред некој месец беше откриено дека наместо вакцина против ковид, примиле физиолошки раствор 9.000 луѓе во Германија ќе треба повторно да примат вакцина против коронавирус, пишуваат германските медиуми.

„Тоа се вкупно 8.557 луѓе кои можеби не биле целосно или делумно заштитени со вакцинација, иако претпоставувале поинаку“, изјави гувернерот на округот Фрисланд, Свен Амбрози.

Локалните власти ги повикаа граѓаните вакцинирани во тој период да се јават за да ја примат вистинската доза од вакцината, за што е отворена и телефонска линија за итни случаи.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, постои основано сомнение дека физиолошкиот раствор го применила медицинска сестра вработена во локалниот центар за вакцинација.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија