Како да добиете KINDERGELD во Германија во 2024 година (најлесен начин)

Kindergeld во Германија може да побараат сите семејства или самохрани родители кои се пријавени во оваа земја. Значи, ако имаш пријава, односно адреса во Германија (и дете, се разбира), имаш право на детски додаток.

Формулари за детски додаток во Германија

За да го пополните овој формулар треба да имате даночен идентификациски број (Steuer-ID). Даночниот број за новородено дете во Германија ќе го добиете по пошта неколку дена по раѓањето. Ако сте се преселиле во Германија со вашето дете тогаш со пријавата на адреса ќе го добиете и даночниот број со него.

Ако не сте државјанин на ЕУ, тогаш мора да поднесете и дозвола за престој, а ако сте државјанин на ЕУ и вашето дете или сопруга живее надвор од Германија, тогаш исто така го пополнувате овој формулар.

Формуларот е прилично едноставен и сè ви е објаснето на хрватски јазик.
Во Дел 6, запишувате деца што ги имате од друга врска. Вие не добивате Киндергелд за нив, но тие се собираат на бројот на деца, така што автоматски имате поголем приход за детето за кое аплицирате.
Другиот дел што треба да го пополните е додатокот за детето (форуларот е убаво објаснет и преведен овде).

Кој може да аплицира за Киндергелд во Германија?

Секој родител, без оглед на националноста, може да аплицира за Киндергелд, но само ако исполнува одредени услови:

  • Ако сте германски жител кој плаќа данок или ако имате германско државјанство и живеете во ЕУ
  • ако вашето дете е под 18 години

Ако случајно вашето дете има над 18 години, тогаш можете да добиете додаток за дете ако:

  • вашето дете е невработено и е регистрирано како барател на работа во канцеларијата за вработување (под 21 година)
  • вашето дете не може да се издржува поради попреченост што се случила пред 25-та година од животот
  • вашето дете учи или посетува Аусбилдунг (до 25-годишна возраст или завршува прв степен или образование)

Имајте на ум дека Киндергелд може да го примаат и законски старатели, баби и дедовци и посвоители во случај детето да нема биолошки родители

  • баби и дедовци
  • посвоители
  • старатели

Во случај родителите на детето да живеат одделно и да го делат старателството, мора да се договорите со вашиот поранешен сопружник каде ќе се исплаќа Kindergeld бидејќи само едно лице може да биде корисник.

Датум на исплата на детски додаток во Германија

Детски додаток НЕ се исплаќа секој месец во ист ден. За да го знаете точниот датум кога ќе ви биде исплатен додатокот, треба да го знаете бројот на Решението (Kindergeldnummer) на додатокот за вашето дете. Важна е само последната цифра од Решението (германски: Endziffer).

На пример, ако бројот на Решението е 123FK555559, последната цифра е 9. Оваа цифра ги одредува деновите во кои се исплаќа Kindergeld.

Кога ќе го пронајдете вашето решение, односно последната цифра – одете на овој ЛИНК и видете ја табелата за тој број. Тука ќе ги најдете датумите на плаќање за целата тековна година.

Датум на исплата на детски додаток во Германија – важна е последната цифра

Колку изнесува месечниот детски додаток во Германија?

Точната сума на пари што можете да ја добиете во 2023 година не зависи од бројот на деца што ги имате, туку иснесува 250 евра месечно за секое дете, без разлика колку деца имате.
Овие износи се зголемуваат од година во година, така што не мора да се плашите многу дека сумата што ќе ја добиете нема да ви биди доволна за вашето дете.

Број на децаИзнос на Kindergeld во евра
Едно дете250 евра
Две деца500 евра
Три деца750 евра
Четири деца1000 евра
Пет деца1250 евра
Шест деца1500 евра

Колку трае постапката за добивање на детски додаток во Германија ?

Откако ќе го поднесете вашето барање, ќе добиете одговор по пошта во рок од три недели до два месеци. Доколку бидат одобрени, парите за детски додаток редовно ќе се уплатуваат на вашата банкарска сметка.

Доколку ве одбијат, имате рок од еден месец да поднесете жалба или да доставите дополнителни документи.

Како да аплицирате за детски додаток за второ дете?

Ако имате повеќе од едно дете, откако за прв пат аплициравте за Киндергелд, не мора повторно да ги пополнувате сите формулари.

Наместо тоа, можете лесно да го измените претходното барање. Можете да го направите ова преку формуларот за известување за промена на „Veränderungsmitteilung“.

Мора да ја означите четвртата велина „Die Anzahl der in meinem Haushalt lebenden Kinder hat sich geändert“ и да ги пополните информациите за вашето ново дете.

Доколку се променат други околности, како што се адреса или брачен статус, мора да го пополните овој формулар за да го известите Familienkasse.

Дополнителни информации

Може да барате детски додаток до шест месеци наназад, а ако вашето дете веќе го добило својот даночен број, треба да го пополните во формуларот погоре.

ВАЖНО: Famillienkasse ја води својата документација во електронска форма. Затоа имајте предвид дека вашите документи поднесени во физичка форма по дигитализацијата се уништуваат по кратко време. Затоа, доколку е можно, НЕ доставувајте ги оригиналите, туку копии.

Барањето за детски додаток треба да се поднесе во писмена форма. Целосно пополнетото барање за детски додаток мора да биде потпишано и доставено лично или испратено по пошта или факс до Familienkasse во Bundesagentur für Arbeit. Не е можно да се поднесе барање усно (на пр. преку телефонски повик) или да се испрати по е-маил.

Што е со Kinderfreibetrag?

Кога поднесувате даночна пријава, Finanzamt секогаш ќе проверува колку Kindergeld примате и колку потенцијален Kinderfreibetrag би можеле да имате во тој случај.

Во 2023 година, секој родител има право на 3.012 евра или двајцата родители заедно 6.024 евра додаток по дете што не се оданочува односно Kinderfreibetrag.

Finanzamt ќе ја избере опцијата што најдобро одговара за вас. Ако додатокот за дете што не се оданочува е покорисен за вас, даночното олеснување ќе се врати со добиениот детски додаток, бидејќи не можете да имате корист и од Kindergeld и од Kinderfreibetrag.

Kinderfreibetrag Vs. Kindegeld – што е подобро?

Еве еден пример:

Иван и Ана имаат мало дете и оданочуваат приход од околу 50 000 евра.

Без додаток за дете што не се оданочува (Kinderfreibetrag), тие ќе мора да платат околу 7,252 евра данок. Покрај додатокот за дете што не се оданочува, од 50.000 евра се одземаат 6.024 евра за да се намали приходот што се оданочува на 43 976 евра.

Во овој случај, семејството ќе треба да плати само околу 4.952 евра данок.

Но, гледај го ова сега.

Разликата меѓу даноците со и без додаток на дете е 2.300 евра, што едно младо семејство би ги заштедило со додаток за дете што не се оданочува.

Сепак, во последната година тие добиле 2.628 евра како додаток за дете. Во овој случај, додатокот за дете што не се оданочува не е од корист за семејството и Финанзамт нема да го користи.

Покрај тоа, треба да знаете дека Kindergeld го добивате секој месец, додека Kinderfreibetrag би го користеле само еднаш годишно кога поднесувате даночна пријава, па затоа лично мислам дека треба да се држите до Kindergeld.

Па, се надевам дека можев да разјаснам сè што е поврзано со додаток за дете. Се разбира, тука има уште неодговорени прашања на кои можев да најдам одговори, но за тоа треба да го преземете упатството за додаток за деца.

Подолу ви оставам уште еднаш важни документи:

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија