Право на годишен одмор во Германија

Какви се правилата за годишен одмор во Германија? Како се пресметуваат деновите за годишен одмор? Како се плаќа одморот ако случајно не го земеме или дадеме отказ од работа?

Што е годипен одмор и како е регулиран?

Одморите се време кога правиме пауза од работата. Тоа е законски пропишан одмор што е утврден со договорот за вработување.

Најдобро е добро да го прочитате договорот за работа пред да го потпишете, за да не завршите во ситуација да имате потпишано нешто што не сакате. Доколку имате осигурување од правни проблеми, вашиот адвокат ќе ве советува бесплатно.

Годишниот одмор се пресметува од денот на вработувањето. На секои 12 дена што работи еден вработен, добива 1 ден годишен одмор.

Одморот секогаш се пресметува за целата календарска година, па излегува дека имате минимум 20 слободни денови (за 5 работни дена во неделата) или 24 слободни денови (за 6 работни дена во неделата).

Имајте на ум дека, без оглед на професијата во која работите, викендите и празниците никогаш не се сметаат за денови на одмор, така што за 10 дена одмор всушност добивате цели 2 недели со викенд, а можеби и екстра ден доколку има празник во работната недела.

За работните односи на кои се однесува колективниот договор, времетраењето на годишниот одмор е генерално подолго. За младите за годишниот одмор се применува одредбата од Законот за заштита на млади луѓе на работно место (https://www.gesetze-im-internet.de/jarbschg/__19.html)

Во зависност од возрасната граница, овој закон пропишува до 30 работни дена годишен одмор за млади лица кои на почетокот на календарската годинана не наполниле 16 години , 27 дена за оние на возраст под 17 години и 25 дена ако на почетокот на календарската година не се полнолетни.

Како и кога да побарате одмор?

Според правилата за годишен одмор времето можеме да го избереме сами, но секогаш постојат причини кога вашиот работодавец може да ви го ограничи или одбие барањето за годишен одмор од деловни причини.

Деловните причини може да бидат различни во зависност од тоа која професија сте, но сите сте свесни дека во одредени случаи годишниот одмор за посакуваниот период може да не биде одобрен.

Ако пак работите во поголема фирма, најдобриот и најбезбедниот начин за вас би било да го поднесете барањето за одмор во писмена форма. Потписот е закон во Германија и со тоа сте сигурни дека кога ќе ви биде одобрен годишниот, тој период е официјално потврден за вашиот одмор од работа.

Што е со пробниот период од 6 месеци, како тоа влијае на одморот?

Ако сте во првите 6 месеци од вработувањето (што во принцип е пробен период), работодавците ќе се обидат да го одложат вашиот годишен одмор додека не поминат тие 6 месеци, што е логично затоа што:

  • во рок од тие 6 месеци постои можност да ја напуштите работата и да сте искористиле повеќе денови одмор него што имате
  • според мое лично мислење, мислам дека во првите 6 месеци на ново работно место човек нема време да се “потроши” толку многу што му треба одмор (ако тој се “истроши”, секогаш постои можност да се земе боледување засновано на стрес на работа)

Ако случајно вашиот договор заврши во рок од 6 месеци, пресметајте дека имате просечно 2 дена одмор месечно во текот на тој период. Откако ќе поминат вашите 6 месеци, работодавачот е законски обврзан да ви даде целосен годишен одмор (за целата календарска година), без оглед колку сте работеле за него.

Што ако не го искористам целиот годишен одмор?

Трансферот на годишен одмор обично се избегнува, бидејќи за работодавците е важно условите за работа да бидат на добро ниво и да не се наруши распоредот на часови за одредена календарска година. Доколку се случи, важно е во тој случај да го искористите одморот во првите 3 месеци од следната година.

Ако, пак, не сте во можност да ги искористите деновите за одмор поради долгорочно заболување, тогаш според германските закони имате право на 15-месечно одложување кое се рачуна од почетокот на наредната година (пример ако во 2021 година сте имале тешко долготрајно заболување, тогаш одморот за таа година можете да го земете до крајот на март 2023 година).

Што ако завршам на боледување додека сум на годишен одмор?

Според германскиот закон, ако сте имале неколку дена боледување за време на годишниот одмор (само ако имате официјално лекарско уверение), тогаш тие денови нема да се сметаат во вашиот годишен одмор.

Што ако добијам/дадам отказ, а не сум искористил годишен одмор?

Лицата кои поради било која причина го прекинуваат работниот однос имаат право да им биди исплатен годишниот одмор. Исто така, постои можност работодавачот да ги пресмета вашите денови за одмор во рамките на отказниот рок, а тие ја користат оваа опција најмногу затоа што е најисплатлива за нив.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија