Градски стан во Германија

Живееме во добра населба во близина на Минхен. Цените на становите и кириите се неконтролирани и луѓето размислуваат како би било да се живее таму без да се плаќа кирија што јаде 1.000, 1.500 или повеќе евра секој месец. Еден од начините што според мене ви е најдобар и најлесен е т.н. градски стан. Што е тоа?

Како воопшто дојдов до ова?

Кога ќе слушнете градски, повеќето од нас мислат на социјални станови. Тоа значи стан даден на луѓе кои имаат тешка финансиска состојба и / или некои проблеми кои им го отежнуваат нормалното функционирање. Фала му на Бога, тоа не е мојата ситуација – затоа социјалниот стан отпаѓа.

… И тогаш запознав семејство што живее во градски стан тука на основа на вработување во градска служба. И тогаш дознавам за некои луѓе кои живеат во градски стан и не се вработени во градска служба и не се социјални случаи (тие работат нормално). Се чини дека треба да аплицирате само за градски стан и ако ги исполнувате условите и чекате трпеливо, порано или подоцна ќе добиете стан. Чекај малку, дали градскиот стан е ист со социјалниот?

Дали градскиот стан е ист со социјалниот стан?

Не!

Социјален стан е токму она што го мислев. Некоја компанија гради 100 станови со голем удел на државни субвенции, но со услов овие станови да мора да се издаваат наредните 20, 30 години по цена што е далеку под пазарната, на луѓе кои ги исполнуваат условите – имаат ниски примања и слично.

Градските станови се сопственост на градот и самиот град одлучува кој ќе ги добие овие станови. Кој ги добива овие станови не е регулирано на ист начин како и за социјалните станови. Значи овие станови можат да ги добијат секој вработен во градската служба, лица со посебни потреби, луѓе кои се занимаваат со добротворна организација, семејства со многу деца, но секако и луѓе во тешка финансиска состојба.

Местото каде што живеам има правилник според кој добивате поени. Колку повеќе поени имате, толку сте повисоко на списокот и зголемени се шансите да добиете стан. Како еден од факторите е бројот на години што ги чекате, теоретски, еден ден ќе имате најголем број поени засновано врз долгогодишно чекање. Тоа е дел од мојата теорија.

Се разбира, ова зависи и од темпото на изградба и од бројот на градски станови. Ако има многу малку градски станови и не се градат нови, оваа моја теорија паѓа во вода.

Која е разликата помеѓу градскиот и „обичниот“ стан?

Во помалите градови, обичните и градските станови се всушност слични. Оние што ги видов беа убави, комотни и на добри локации, не како социјалните станови во големите градови кои што често се наоѓаат во „лоши“ населби.

Најголемата разлика е во цената. Додека за „обичен“ трособен стан тука каде што живеам треба да дадете околу 1500 евра, трособен градски стан чини 500-600. Тоа е огромна разлика.

Покрај тоа, цените растат побавно, градот не може да ве исфрли туку така, исл.

Како да аплицирате за градски стан?

Важно е да се знае дека не секој може да аплицира за градски стан во Германија. Најчесто треба да живеете на тоа место неколку години за да добиете можност да се регистрирате (во мојот град услов е 3 години континуиран живот или 5 години работа).

Одете во вашата општина (Gemeinde) и прашајте дали можете и како да аплицирате за „Freifinanzierte Wohnung von der Gemeinde“.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија