Аплицирајте за сезонска работа во Нов Зеланд

280213. News. Photo:Emma Allen/Marlborough Express. Apple picking season is in full swing. Cyrille Dumont from northern France picks royal gala apples on Kevin Murphy's orchard.

Нов Зеланд е голем произведувач на овошје, а наскоро ќе започне сезоната за берба на јаболка, киви и грозје. Секоја година произведувачите имаат потреба од работна сила, а оваа година се проценува дека ќе има недостиг од најмалку 2000 работници.

Недостигот на работници е толку голем, што лозарите предупредија дека ќе престанат да инвестираат во овоштарници, ако бројот на сезонски работници не се зголеми. Рекс Грим кој се занимава со лозарство, вели дека секоја година овоштарите во Нов Зеланд се борат со недостигот на работна сила.
„На пазарот има огромна заинтересираност за нашите производи, дури и повеќе од она што можеме во моментов да го произведеме. Размислувавме за нови плантажи, но зошто би садел, ако нема кој тоа да го набере?“, вели Рекс.

Во 2007 година, Владата на Нов Зеланд отвори нова Програма за сезонски работници кои не живеат во земјата. За да добијат работна виза, кандидатите треба да исполнуваат неколку услови меѓу кои да живеат во странство, да имаат над 18 години, да бидат во добра здравствена состојба, да имаат вистинска намера да работат во Нов Зеланд, да им биде одобрено здравствено осигурување, како и да имаат понуда за работа од работодавач во Нов Зеланд.

Минатата година преку оваа програма виза добиле околу 9000 работници, но проценките се дека Нов Зеланд има потреба од многу повеќе.

За да најдете огласи и да аплицирате за сезонска работа, можете да ги посетите следните веб сајтови одобрени од Владата на Нов Зеланд:
SeasonalJobs
SeasonalWork
WorkingInNewZealand
NewKiwis
WorkHere

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија