Колку чини прехранувањето во различни држави

Врз основа на просечната плата во една земја и цените на храната во локалните продавници, MoveHub неодамна изработи мапа која има за цел да покаже колку чини прехранувањето во различни земји. Со истражувањето беа опфатени вкупно 123 земји, а фрапантните резултати покажаа драстични разлики во цената на храната. Имено, жителите на Уганта имаат најскапа храна – дури  278% од просечната плата. Веднаш зад неа следеа Етиопија (257%), Кенија (215%) и Зимбабве (188%).

прехранување-најскапо

Од другата страна на табелата се најде Катар, каде цените на храната се во висина од само 2.62%. На второто место се најде Макао (3.66), а веднаш потоа следуваше Кувајт (4.38).

најевтино-прехранување

На оваа листа Македонија се најде на 62-то место – прехранувањето чини 20,78% од просечната плата.

колку-чини-храната

 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија