Детски додаток (Familienzulagen) во Швајцарија

До 2008 година, во Швајцарија важеа различни правила за детски додаток. Ова се смени во 2009 година кога стапи на сила закон кој содржи рамковни одредби применливи за сите кантони. Со тој закон воведе во сите кантони минимален износ на детски додаток од 200 франци по дете месечно, но кантоналните закони може да предвидат повисоки износи, како што се кантоните Берн, Луцерн или Цирих, но не помалку.

Овие додатоци ги добиваат децата од месецот на раѓање до 16-годишна возраст. Надоместок имаат и деца над 16 години, 250 франци месечно по дете, под услов да го продолжат образованието најдоцна до 25-годишна возраст.

Општо земено, правото на надоместоци се губи по завршувањето или прекинувањето на школувањето. Ако децата заработуваат за време на школувањето, немаат право на детски додаток ако заработуваат повеќе од 2.340 франци месечно или 28.080 годишно.

Сите вработени, како и самовработените лица кои заработуваат најмалку 585 франци месечно или 7020 годишно, имаат право на детски додаток. Доколку некој вработен работи кај повеќе од еден работодавач, ќе добива детски додаток од работодавачот кај кого најмногу заработува.

Доколку вработените не можат да работат поради болест или несреќа на работа, ќе добиваат детски додаток од месецот од кога биле болни или доживеале несреќа и дополнителни 3 месеци. Истото правило важи и во случај на смрт на вработен.

Лицата кои не се вработени, исто така, имаат право на детски додаток доколку нивниот вкупен семеен годишен даночен приход е помал од 42.120 франци годишно. Невработените лица можат да добијат детски додаток само доколку тие и нивните деца живеат во Швајцарија.

Лицата кои добиле редовна старосна пензија (AHV) и кои добиваат дополнителни бенефиции како инвалидските пензии или ако нивниот брачен другар е вработен, самовработен или прима старосна (AHV) пензија немаат право на детски додаток.

Право на детски додаток имаат и лицата кои се занимаваат со земјоделска дејност како и нивните вработени доколку имаат деца до 16 години исто така и доколку децата се на дообразување до 25 години.

Детските додатоци се пресметуваат во приходот што мора да се оданочува годишно заедно со другата заработка.

Сепак, на детски додаток не се плаќаат придонеси за АХВ/IV/ЕУ, односно пензико и инвалидско осигурување. На пр ако некој заработува 5.000 месечно и има 2 деца, ќе плаќа придонеси за АХВ / IV / ЕУ само за тие 5.000, а нема да плаќа на детскиот додаток во износ од 400 франци.

Кај вработени лица исплатата на детски додаток се врши преку работодавачи. Важат правилата на кантонот во кој работодавачот има седиште, а ако има повеќе од едно, тогаш каде има седиште.

Важно: законот одредува кој од родителите ќе добива детски додаток и не постои можност да се избере кој ќе бара детски додаток и од кој работодавач. Примери:

  • Доколку двајцата родители се вработени во истиот кантон каде што живеат со семејството, детскиот додаток се дава на родителот кој заработува повеќе.
  • Ако едниот вработен родител живее во кантонот во кој живее целото семејство, а другиот е вработен во друг кантон, тогаш детскиот додаток ќе го добие родителот кој е вработен во кантонот каде што живее семејството. На пр мајката е вработена во кантонот Аргау каде живее семејството, а таткото работи во Цирих кој плаќа повисоки надоместоци. Во овој случај, додатокот се исплаќа на мајката која работи во кантонот во кој живее целото семејство (200 франци по дете), а таткото може да ја бара разликата. На пр ако во кантонот Цирих е предвиден детски додаток од 260 франци по дете, тогаш таткото може да бара исплата на разликата од 60 франци преку својот работодавец, а мајката ќе добие 200 франци.
  • Во случај кога родителите не живеат заедно или се разведени, додатокот се дава на родителот со кој живее детето, доколку тој родител е вработен. Ако не е, тогаш го добива другиот родител и треба целосно да му го плати на невработениот родител каде што живее детето.
  • Доколку едниот родител е вработен, а другиот е самовработен, тогаш детски додаток се дава на тој што е вработен. Детски додаток се исплаќа и на вработени швајцарски државјани како и на државјани на земјите од ЕУ и ЕФТА за деца кои живеат или студираат во една од земјите на ЕУ.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија