Норвешките полицајци повеќе нема да носат оружје

Според последното соопштение на норвешката полиција објавено на 29 февруари, полициските службеници во Норвешка повеќе нема да носат оружје.

Во полициските сили на Норвешка спаѓаат околу 6.000 униформирани полицајци, кои вообичаено своето оружје го држат заклучено во патролните возила. Поради заканите за терористички напади, во ноември 2014 година, полицијата им даде овластување на своите служеници да го носат оружјето во ременот додека се на своето работно место. Притоа, норвешката полиција изјави дека овие овластувања се привремени, со план да бидат укинати во рок од една година. Сепак, тоа не се случи, поради терористичките напади во Париз, поради што рокот за носење оружје беше продолжуван два пати, прво во декември, а потоа во февруари.

Со последното соопштение од 29 февруари, привремената одлука се укинува, со што полициските службеници во Норвешка повеќе нема да носат оружје. Според законските прописи во Норвешка, полицајците не смеат да носат оружје на себе, а одредени полициски службеници имаат право да бидат вооружени доколку постои опасност во одредена ситуација.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија