Шведската министерка Илва Јохансон, неодамна изјави дека повеќето работодавци во Шведска се „позитивно настроени кон новодојденците“, но признава дека дискриминацијата на странските работници, останува клучен проблем во оваа земја.
На прашањето зошто шведските работодавачи избегнуваат да вработуваат работници од странство, Јохансон одговори: „Проблемот го гледам во Агенцијата за вработување (Arbetsförmedlingen) за која сметам дека не прави доволно големи напори да ги спои странските работници со соодветните работодавачи. Многумина не се доволно информирани и околу стажирањето во многу фирми во Шведска, што може да резултира со вработување.“
Според податоците од Агенцијата за вработување, околу 20% од граѓаните на Шведска кои се родени во странство, се невработени. Сепак, Јохансон, која е од редот на социјалдемократите, во интервјуто за The Local Voices изјави дека повеќето работодавачи во Шведска се отворени за соработка со странски работници. „Мислам дека најчесто работодавачите сметаат дека ќе имаат поголеми тешкотии во оценување на знаењето и вештините на работниците кои доаѓаат од странство. Нашата цел е да се справиме со предизвиците и преку одредени мерки, да ги подобриме можностите за вработување на странците“, додаде таа.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска