Дозвола за престој во Италија

Доколку планирате да престојувате во Италија подолго од три месеци, потребно  е да аплицирате за  дозвола  за  престој.  Странците  кои  прв  пат  влегуваат  во Италија  имаат рок 8  дена  да  побараат дозвола за престој. За да добиете дозвола за престој потребно е да ги поднесете следните документи:
– Формулар за апликација;
– Пасош или друг еквивалентен важечки документ за патување, со виза за влез, доколку е потребна;
– Фотокопија од документот;
– 4 фотографии со големина како за пасош, фотографиите да се исти и да се скорешни;
– Електронска уплата на такса;
– Документацијата која е потребна според видот на дозволата за престој;
– Уплата  на  средства  помеѓу  80  и 200  €.  Модалитетите за  плаќање  се  воспоставени  со декрет   на   Министерството   за   финансии   во   консултација   со Министерството   за надворешни работи;

Дополнително на погорните барања, кандидатот треба да обезбеди дополнителни документи специфични за причината за неговиот престој.
За лица кои бараат работа: Доказ за регистрација во Центарот за вработување
За лица кои ќе студираат: Доказ за здравствено осигурување и Писмо за прием од училиштето или Универзитетот
За вработени: Потврда од нивниот иден/сегашен работодавач и Детални информации од Државната полиција
За самовработени: Даночен број, Овластување   од   Стопанска   комора   (доказ   за   соодветна лиценца и регистрација,  ако  се  работи  за  регулирана  професија,  или  доказ  за комерцијална регистрација, ако е тоа соодветно) и Детални информации од Државната полиција
За лица кои патуваат во Италија од семејни причини: Детали  за  сопружникот  и  малолетниците  (извод  од  матична  книга  на венчани, извод од матична книга на родени) и Детални информации од Државната полиција;

Лицата  кои  се  веќе  во  Италија  со  дозвола  за  престој која  треба  да  истече,  мора  да  бараат обновување на истата најмалку 60 дена пред крајниот рок. Важноста на дозволата за престој е иста како и влезната виза:
– До  шест  месеци  за  сезонски  работници  и  до  девет  месеци  за  сезонска  работа  на полињата која бара такво продолжување;
– До една година за студии или професионална обука која е документирана;
– До  две  години  за  самовработени,  подредено  вработување  и  семејна  реунификација;

Странците  кои  во  Италија  доаѓаат  за  посета,  бизнис, туризам  и  студирање  за  период  кој  не надминува  три  месеци,  не  мора  да  бараат  дозвола  за престој.  Еднаш  кога  апликацијата  за дозвола   за   престој биде   поднесена,   Службата   за   имиграција   во   локалната   Централна полициска станица (Questura) ќе го контактира  кандидатот преку е-mail или  преку порака  (согласно  податоците  дадени  во  формуларот  на апликацијата)  со  цел  да  закаже состанок  за  прибирање  на  понатамошни  информации  (фототографии  и  отпечатоци  на  прсти), нешто што е задолжително за да се финализира доставувањето на дозволата за престој.

Влез на италијанска територија преку надворешните граници на Шенген зоната е дозволен за странци кои:
– Бараат влез на еден од граничните премини;
– Поседуваат  валидна  патна  исправа  или  еквиваленте на  документ кој  им  дозволува  премин преку граница;
– Поседуваат документи кои  ја потврдуваат  целта  и условите на планираната  посета  и имаат  доволни средства за издршка, како за периодот на планираната посета, така и за враќањето во нивната  земја  (или  за  патувањето  при  транзитот  до  трета  земја).  Странецот  кој  веќе  има  дозвола за престој издадена од една од Договорните страни е изземен од овој услов;
– Поседуваат валидна виза за влез или транзит, доколку е потребно;
– Не им е забрането да влезат преку предупредување испратено по Информативниот систем на Шенген;
– Не се смета за закана за јавната политика, државната безбедност или меѓународните односи на било која од Договорните страни, според италијанскиот закон или законите на некоја друга земја на Шенген;

Доколку  не  се  исполнува  било  кој  од  горенаведените услови,  може да  ви  биде  одбиен  влез дури и ако поседувате валидна виза за влез или транзит.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија