Доколку сакате да престојувате во Шведска подолго од 3 месеци, потребна ви е дозвола за престој. За доделување на ваква дозвола одлучува шведскиот Борд за миграција.
Дозвола за престој може да добиете за период од 6 месеци, па сè до дозвола за постојан престој, која е неоганичена. Доколку сте работоспособни, работната дозвола се добива автоматски со дозволата за престој.
Потребни документи
Она што треба да го доставите до Шведската амбасада е формулар за апликација и две ваши фотографии. Потоа самата амбасада ја праќа вашата апликација до Бордот за миграција, кој потоа треба да донесе одлука.
Услови за аплицирање
- Ако сте во брак или живеете заедно со намера за стапување во брак со некој кој има дозвола за постојан престој во Шведска – откако ќе ја доставите апликацијата, ќе бидете повикани на интервју во амбасадата. Потребно е да донесете некаков вид на документ со кој ќе ја докажете вашата врска со лицето во Шведска, како што се писма, фотографии или извод од матична книга на венчаните
- Aко сте на возраст под 18 години, не сте во брак, а вашите родители имаат дозвола за престој во Шведска – ќе треба да докажете дека сте живееле заедно во вашата матична земја пред вашите родители да се преселат во Шведска.
- Ако сте родител или друг близок роднина на лице кое сега има дозвола за постојан престој во Шведска (во исклучителни случаи, и други роднини можат да се квалификуваат за дозвола за престој заради семејните врски) – ќе треба да докажете дека сте живееле заедно во вашата матична земја пред вашиот роднина да се пресели во Шведска и дека сте финансиски, социјално или емотивно зависни од тоа лице.
- Роднина на бегалец или на лице кое добило азил, во исклучителни случаи може да добие дозвола за престој доколку имал блиска врска со лицето кое живее во Шведска, иако можеби не живееле заедно во нивната матична земја.
Рок на траење на дозволата
Доколку сте живееле заедно со вашиот партнер во вашата матична земја, Бордот за миграција најверојатно ќе ви додели дозвола за постојан престој (PUT). Тоа ви дава право да живеете во Шведска колку што сакате.
Доколку пак не сте живееле заедно со вашиот партнер во матичната земја, но имате намера да основате заеднички дом по вашето пристигнување во Шведска, Бордот за миграција најверојатно ќе ви додели дозвола за престој 12 месеци (во некои случаи и за 6 месеци). Потоа, ќе треба да аплицирате за продолжување на дозволата.
Доколку сè уште живеете заедно, вашата дозвола ќе биде продолжена за уште 12 месеци. Ако сте работоспособни, автоматски ќе добиете и работна дозвола. Штом веќе сте имале ограничена дозвола во последните две години, а вашата врска сè уште трае, ќе добиете дозвола за постојан престој.
За повеќе информации можете да се обратите во Шведската амбасада, или да ја посетите веб страната на Бордот за миграција со кликање на следниот линк.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска