Странците кои сакаат да работат во Италија, но не се државјани на ЕУ, прво да добијат работна дозвола Сите процедури поврзани со стекнување на работна дозвола, се регулирани со Законот за имиграција во Италија.
Постапката за работна дозвола има неколку чекори:
Прв чекор
Работодавецот треба да се пријави и да поднесе барање за овластување за работа. Барањето треба да се испрати до Sportello Unico per l’Immigrazione – едношалтерскиот систем за имиграција кој е одговорен за територијата каде ќе се случува вработувањето или каде што работодавецот има регистрирано седиште.
Барањето за овластување за работа треба да вклучува:
– целосни лични податоци на сопственикот или законскиот претставник, неговото име и место;
– целосни лични детали за странскиот работник;
– определба на странскиот работник да му се обезбеди плата и осигурување кои се пропишани со закон; во случај на работа во домаќинство, месечната плата не треба да биде пониска од пропишаниот минимум;
– потврда за социјалниот и даночниот статус со која ќе се потврди капацитетот на работодавецот за вработување на работници;
– определбата на работодавецот да обезбеди соодветно
сместување и определбата да ги плати трошоците за враќање на работникот во неговата матична земја;
– определбата за известување за било каква промена на работниот однос
Потребна документација:
– копија од документот за идентификација на работодавецот (дозвола за престој во случај да се работи за државјанин на земја која не е членк
а на ЕУ);
– копија од пасошот на странецот кој не е државјанин на ЕУ
Едношалтерскиот систем за имиграција треба да издаде одобрение за работа (Nulla Osta) во рок од 40 дена од приемот на апликацијата, во рамките на квотата и истата електронски се пренесува до Амбасадата или Конзулатот.
Втор чекор
По доделување на одобрението, Шалтерот го контактира работодавецот за да си го подигне одобрението и да го потпише договорот за вработување, во три примероци. Договорот останува кај Шалтерот бидејќи треба да биде потпиша на од странскиот работник при неговото влегување во Италија.
Трет чекор
Работодавецот треба да го испрати оригиналното одобрување до државјанинот кој не е член на ЕУ, кое му е потребно за апликацијата за виза. Странскиот државјанин аплицира за виза за работа во италијанското дипломатско претставништво, приложувајќи го одобрението и копија
од валиден пасош. Одобрението треба да се искористи во рок од 6 месеци од датумот на издавање. Италијанското дипломатско претставништво издава виза во рок од 30 дена од поднесувањето на апликација.
Четврти чекор
Странските работници треба да го посетат Едношалтерскиот систем во рок од осум работни дена од нивното пристигнување во Италија, со цел да го потпишат договорот за работа, понесувајќи ја документацијата која се однесува на соодветноста на сместувањето (доколку истото е потребно) и пасошот со виза. Два примероци од оригиналниот договор за вработување му се даваат на работникот (едната останува кај работодавецот).
Шалтерот му издава на вработениот пополнет формулар и плик за барањето за дозвола за престој. Работникот потоа оди во овластената пошта и го испраќа пликот со пополнетите
формулари заедно со копии од пасошот и визата, копија до дозволата за работа, копија од договорот за вработување и доказот за уплата за електронска потврда за престој.