Држави со најниска стапка на криминал

Во секоја држава постои криминал, без разлика на животниот стандард, економската или политичката состојба и слично. Криминалот се случува во целиот свет, но во крајна линија, се смета дека главната причина за тоа може да се идентификува во потребата за опстанок.

Elist10 изработи листа на држави со најниска скапка на криминал, а таа изгледа вака:

10. Кипар
Оваа островска земја се смета за една од најмирните места во Европа. Не е невообичаено да ја оставите влезната врата отклучена, а поради ниската стапка на криминал, Кипар секоја година го посетуваат и многу туристи.
kipar

9. Данска
Данците живеат прилично мирен и безбеден живот. Сигурноста е цврста и обезбедена со 200 полицајци на 100.000 жители. Стапка на убиства е под 0,1 на 100.000 жители, што ја прави Данска една од најбезбедните места за живеење на планетава.
danska

8. Исланд
За оваа држава се вели дека можете да го почувствувате нејзиното спокојство само преку вдишување на воздухот. Верувале или не, Исланд има само 700 полицајци, а уште поневообичаено е тоа што тие не носат оружје. Едноставно, нема потреба од тоа. Оваа држава има околу 200 затвореници вкупно, на кои им е дозволено да ги посетуваат нивните семејства и да одат дома.
island

7. Ирска
Ирска може да се пофали со многу ниска стапка на криминал – само 0,32 убиства на 100 илјади луѓе. Статистиките покажуваат дека Ирска е една од најбезбедните држави во Западна Европа. Има повеќе од 300 полицајци на 100 илјади граѓани.
irska

6. Јапонија
Јапонија се смета за една од најбезбедните земји во Азија. Мнозинството од граѓаните изјавиле дека веруваат во ефикасноста на полицијата и се чувствуваат заштитени и безбедни. Стапката на убиства е 0,4, а има повеќе од 200 полицајци на 100 илјади граѓани.
japonija

5. Луксембург
Со површина од само 2500 километри квадратни и население помалку од 600 илјади луѓе, Луксембург е држава која има криминал приближно на нула. Според направените анкети, граѓаните на Луксембург се меѓу најсреќните во светот.
luksemburg

4. Бахреин
Со дури 1900 полицајци на 100 илјади жители, не е ни чудно што во оваа држава се одржува редот и стабилноста. Во Бахреин има најчести пријави за џепни кражби, но поголеми инциденти и кривични дела се невообичаени за оваа држава.
bahrein

3. Хонгконг
Освен за најбрзиот интернет во светот, на Хонгконг можеме да му подзавидиме и за ниската стапка на криминал – само 0,2 убиства на 100 илјади жители и речиси целосно отсуство на кражби и грабежи.
hong kong

2. Сингапур
Сингапур се смета за најбезбедното место за живеење во Азија, а има и зошто. Стапката на убиства е 0,3 на 100.000 жители, додека пак кражбите и грабежите се речиси сведени на нула. Сепак, ова може да се смета како резултат на строгите закони, ригорозните казни, а исто така и фактот дека смртната казна сè уште не е укината.
singapur

1. Швајцарија
Швајцарија е прва во многу нешта, па не случајно се најде на врвот на оваа листа. Женева, Берн и Цирих се сметаат за едни од најдобрите градови за живеење. Не само што има ниска стапка на криминал, туку и повеќето евидентирани кривични дела се направени од странци. Во оваа држава владее мир, хармонија и убава атмосфера меѓу жителите. Сигурноста е обезбедена од 216 полицајци на 100 илјади граѓани.

svajcarija

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија