Новите законски измени со кои жените во Швајцарија треба да се пензионираат на 65 години, минатиот месец беа поддржани од страна на Парламентарната комисија.
Овие измени беа предложени од страна на министерот за внатрешни работи, Алан Берсет, а добија зелено светло од Комисијата за здравство. Притоа, Комисијата истакна дека овие измени ќе стапат на сила во период од 4 години.
Менувањето на старосната граница за пензионирање на жените е дел од пакетот реформи кои ги предложи министерот, а во голема мера беа поддржани од страна на Комисијата, со цел да се покријат трошоците во делот на социјалното осигурување.
Старосната граница за пензионирање на мажите нема да се промени и ќе остане на 65 години.
Реформите во пензискиот систем се наменети за покривање на дополнителните 8,3 милијарди франци кои се предвидени за периодот од 2015 до 2030 година.
Предлозите се предмет на одобрение од парламентот, а на крајот швајцарските граѓаните ќе имаат можност да гласаат на референдум.
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија